Камала Харис: Вашингтон е цврст во својата посветеност да ги заштити своите сојузници во НАТО

Од:

Американската потпретседателка Камала Харис денеска се сретна со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и рече дека ќе има „тешка последици“ во форма на санкции за Русија доколку ја нападне Украина, еден ден откако претседателот Џо Бајден изјави дека заканата од инвазија е „многу висока“.

Харис рече дека работата што се случува на „часовна основа“ за зајакнување на односите меѓу САД и НАТО е критично важна и „тоа е една од причините поради која сум овде (Минхен)“.

Таа нагласи дека Вашингтон е цврст во својата посветеност да ги заштити своите сојузници во НАТО. Ијзвата ја даде на состанок со балтичките лидери.

„Ги препознавам заканите… ние стоиме со вас за ова и за многу други прашања… и стоиме заедно како сојузници на НАТО“, рече таа кога ги започна разговорите со лидерите на Летонија, Естонија и Литванија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски