Калилзад: САД и талибанците се пред договор

Од:

САД и авганистанските талибанци се пред постигнување договор со кој ќе се стави крај на 18-годишната војна во Авганистан, изјави денеска американскиот претставник Залмај Калилзад на крајот од последната рунда мировни преговори во Доха.

– Ние сме пред потпишување договор со кој ќе се намали насилството и ќе се отвори патот за Авганистанците заедно да седнат и преговараат за чесен и траен мир, напиша Калилзад на Твитер на осмиот и последен ден од деветтиот круг преговори во Катар помеѓу претставниците на САД и талинабците.

Портпаролот на талибанците во Доха, Сухаил Шахин вчера изјави дека договорот речиси е финализиран.

Во Авганистан во моментот се распоредени од 13.000 до 14.000 американски војници. САД интервенираа во Авганистан во 2001 година во обид да ја уништата екстремистичката група Ал Каеда, одговорна за нападите од 11 септември и за да ги соборат талибанците од власт во Кабул. Во екот на најголемите борби во 2011 година американскиот контингент броеше 98.000 војници.

Американскиот претседател Доналд Трамп пред една година побара директни преговори со талибанците, истакнувајќи дека сака да стави крај на „бесконечните војни“ и „да ги врати момчињата дома“.

Со договорот треба да се постигне поголемо или помало повлекување на американските војници, а талибанците треба да се обврзат дека на териториите под нивна контрола нема да дејствува Ал Каеда и други терористички групи.

Но, евентуалниот договор помеѓу САД и талибанците нема да значи и крај на војната, бидејќи талибанците трева да постигнат мировен договор и со Владата во Кабул.

Би можело да ве интересира

Ослободена е невината жена која поминала 43 години во затвор во САД

Горан Наумовски

Во Лос Анџелес е издадена наредба за евакуација поради ширење на шумски пожар

(ВИДЕО) Избегната трагедија во забавниот парк Оукс: Се расипа „нишалото“, посетители висеа на 30 метри висина

Смит: И се заблагодарувам на Македонија за одвојувањето на два проценти од БДП за одбраната

Горан Наумовски

УНИЦЕФ ги повика талибанците да дозволат девојчињата да се вратат на училиште

Ројтерс: Се намалува бројот на илегални преминувања на мексиканско-американската граница