Калифот како лидер на исламскиот свет

Од:

Титулата калиф била дел од исламскиот свет од смртта на пратеникот Мухамед а.с. во 632 година се до 1924 година кога Мустафа Кемал Ататурк ја укинал.

По потекло е од арапскиот свет: Калифа значи наследник на Пророкот, некој кој следел и како исламот се шири и кој обезбедувал спроведување на исламскиот закон.

Посебно оваа титула била наменета за тројцата мажи кои го придружувале Пророкот, и кои го преземале лидерството над муслиманската заедница по смртта на Пророкот, а потоа и по другите.

За разлика од западот, во класичниот ислам не постои разлика помеѓу религиозна институција и влада. Владата е религиозна институција со калиф како врховен лидер.

– Калифот немал понтифска, па дури ни свештеничка функција и не бил професионално обучуван од религиозни луѓе, уламите. Неговата задача била не да ја проповеда, а уште помалку да ја толкува верата, туку да ја подигнува на повисоко ниво и да ја брани, и да создава и одржува услови во кој луѓето ќе живеат добар муслимански живот на овој свет, а оттука и самите да се подготвуваат за светот кој потоа доаѓа – (Џозеф Шахт, „Наследството од исламот“)

Сепак, тука двата ограноци на исламот, сунитите и шиитите, исто се разидуваат. Сунитите продолжуваат да ја следат дадената дефиниција, додека шиитите веруваат дека нивните имами, како што ги нарекуваат нивните еквиваленти на калифот, а подоцна и ајатоласите, ќе го интерпретираат исламот и ќе даваат препораки кои немаат директна врска со исламскиот закон.

– Калифот морал да биде маж, слободен и на возраст со нормални физички капацитети, да поседува извесен степен на почит и знаење за законите и за препораките, способен да управува со јавната администрација и да биде лидер во војни. Покрај ова, тој можел да распоредува извесни задачи од неговите фунции на квалификувани лица, но не можел да биде изземен од неговата највисока одговорност за сите дејства на владата. (Х:А:Р: Гиб и Харолд Боуен, „Исламското општество и западот“).

Избирање калиф

Кога Пророкот починал, не назначил никого да ја води муслиманската заедница, ниту пак оставил некакви инструкции како да биде избиран неговиот наследник.

Изборот бил или преку консултации (избор) од квалификувани избирачи или по крвно наследство. Придружниците на Пророкот – Абу Бакр, Омар и Осман – веднаш се одлучиле за консултации. Нив ги наследил Али Хасан (632-661). Али бил роднина на Пророкот, а Хасан му бил син на Али, кој го предал калифатот на династијата Умајади (661-750), што довело до расцеп помеѓу ограноците сунити и шиити во исламот.

По Умајадите, кои биле сунити, калифатот го презел Абасидиси (750-1258), кои исто така биле сунити. Од 1258 до 1517 година, абасидите како калифи имале само духовна моќ, додека победничките бранови од Монголци, а потоа и Турци го освојувале Блискиот исток.

Бил направен обид да се комбинираат консултациите/изборот со крвното наследство.

Дискусиите помеѓу судиите улами се однесувало на тоа кој ќе состави избор на квалификувани избирачи, и било одлучено да има само еден квалификуван бирач, самиот калиф, кој теоретски ги имал сите квалитети кои еден калиф може да ги понуди.

Оттука, калифот можел да назначи свој наследник пред да почине или ако од каква било причина е неспособен успешно да се откаже од своите задоложенија; на пример, ако биде затворен.

Под владеението на умајадите и абасидите, наследникот не морал да биде првородениот син, затоа што не постои принципот на прв крвен наследник.

Отоманските Турци и калифатот

Кога и како отоманскиот султан ја прифатил титулата калиф е предмет на спор меѓу некои учени кои го наведуваат Мехмед Освојувачот како прв кој прогласил калифска власт. Но повообичаено е мислењето дела Султанот Селим Први ја прифатил титулата по неговото освојување на Египет во 1517 година.

Абасидскиот калиф ал-Мутавакил Третиот бил жител на Каиро, и затоа паднал во рацете на Турците.

Бил испратен во Истамбул со две илјади најголеми трговци, ракотворци и религиозни лидери, кои биле вклучени во отоманскиот систем. Иако ал-Мутавакил живеел неколку години во Истамбул пред да се врати во Египет, не е јасно дали тој му ја предал својата титула на Селим, или подоцна вториов ја наследил.

Според Стенфорд Шо во „Историјата на Отоманската империја и модерна Турција“, откако ал-Мутавакил се вратил во Турција, тој повторно ги презел должностите како калиф во 1543 година.

Додека бил во Египет, тој ја прифатил титулата „Слуга на Светите градови Мека и Медина“ од шерифот од Мека во 1517 година. Така отоманскиот султан, сега како калиф, ја презел должноста како заштитник на Мека и Медина, внимавал дали караванските рути се безбедни за аџиите кои доаѓале од целиот свет, самиот секоја година обезбедувал нова покривка за Кааба, и ако било неопходно менувал и назначувал луѓе кои им служеле на затворските чувари и така за возврат си ги остварувале своите плати.

– Фактички тоа било многу поголема од титулите од султан и „Слуга и заштитник на Светите места, по кои Селим и неговиот наследник треба да се запомнат – идејата за калиф се користела само за да се истакне нивната највисока еминентност во исламскиот свет и правото да промовираат и да ја бранат исламската религија и закони. Со проширувањето на гази традицијата, отоманските султани морале да ја истакнат својата улога како лидери и бранители на сиот исламски свет, а оттука со користење на новата интерпретација на калифатот и за да се воспостави отоманско владеење над луѓето од исламот, пишува Шо.

Но во доцниот 18-ти век, со титулата калиф се претпоставувала посебна важност во време кога Отоманците се повеќе ослабувале. Како резултат од мировниот договор од Кучук Кајнарча во 1774 годна, позицијата на турскиот султан била призната и за муслиманите кои живееле надвор од актуелните граници на империјата, иако тоа не траело долго. А во втората половина од 19-иот век, султанот Абдулхамид Вториот ја искористил титулата во обидот да го спречи распаѓање на Отоманската империја од заканата од европските сили, кои потпомагале бунтови во различни провинции на империјата. Иако Отоманската империја била официјално укината во 1922 година, калифатот не бил сменет се до 1924 година, пет месеци по прогласувањето на Турската република.

Последниот калиф бил Абдулмеџид Вториот, синот на султанот Абдулазиз.

Би можело да ве интересира

Полскиот историчар Рубаха тврди: Илинденското востание го раководеле Бугари

A1on

ЗИРМ: Учебникот по Историја за V одделение изобилува со погрешни информации и со неосновани констатации

Горан Наумовски

Николај Милков: Пред да влезе во ЕУ, Македонија треба да се раздели со лажните парадигми во историјата

A1on

Џамбаски: Господине Османи, Гоце Делчев е Бугарин, нема две верзии на историјата

A1on

Бугарски научници: Лагите на македонските историчари ќе се најдат во сите светски библиотеки

A1on

Видео: „Срам и арам, ни јазикот бетон, ни историјата – во ЕУ не ќе влеземе ни за 100 години“ – експерти контра владата

Анита Петровска Рајковиќ