Калас: Амбасадите на ЕУ остануваат во Киев, само САД си заминаа

Од:

Високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, изјави дека дипломатите во мисиите на земјите од ЕУ ќе останат во Киев, додека, според неа, дипломатите од амбасадата на САД го напуштиле украинскиот главен град, јавуваат западните медиуми.

Калас го изјави ова по пристигнувањето на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ, кој се одржува на Кипар.

– Од она што го слушнавме вчера од Украина, сите амбасади остануваат освен една. Сите европски остануваат, САД си заминаа, рече Калас.

Европската Унија објави дека нема да го промени своето присуство во Киев, оценувајќи дека руските пораки до дипломатските мисии се дел од притисок и ескалација. Според западните агенции, неколку европски земји ги повикаа руските амбасадори на разговори во врска со предупредувањето на Москва до странските граѓани и дипломати да го напуштат Киев.

Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, го критикуваше одбивањето на Европската Унија да ги евакуира своите дипломати, велејќи дека Брисел ги игнорира ризиците на кои се изложени нејзините мисии во Украина.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) САД изведоа нови напади врз Иран. Трамп: Поставија некаков противвоздушен систем

Русија ѝ се закани на Австрија

Израел e затекнат од одлуката на Трамп: Вашингтон најавува прекин на воената помош

Украина разви модем за дронови, повеќе нема да зависи од „Старлинк“

САД, Украина и Русија подготвуваат конкретни предлози за трилатерални преговори

Трамп: Изборите во Америка се толку наместени, што не можете ни да замислите