Како Обама, Меркел и Берлускони ги заработиле првите пари?

Од:

Овие светски лидери некога имале мали примања, а денес се на самиот врв на политичката сцена. Српски „Телеграф“ претстави пет најголеми светски моќници, кои што во младоста знаеле што значи голема амбиција, па поради тоа седнаа во политичките фотелји.

Барак Обама-сладоледџија

Првиот човек од најмоќната светска сила знае како се работи „за малку пари“. Имено американскиот претседател немал многу среќа во пронаоѓање на работа во младоста, па работел дури на четири места за минимална плата. Тој полнел сладолед за познатата компанија и ланецот слаткарници „Баскин-Роббинс“, кратко работел како келнер, се занимавал со аматерско сликање, а едно лето поминал и чистејќи на градилиште.

Тој изјави дека и неговите ќерки во тек на образованието ќе работат хонорарно.

-Секое дете мора да знае како е кога се работи некоја напорна работа за мала плата. Тоа е животот-рече претседателот на САД.

merkel-nasmeana

Ангела Меркел-келнерка

Германската канцеларка Ангела Меркел, додека студирала физика во Лајпциг, работела како келнерка во дискотека. Бидејќи секогаш била политички амбициозна, уште во младоста се приклучила во организацијата „Frei Deutsche Jugend“.

Силвио Берлускони-басист

Контроверзниот поранешен премиер на Италија, Силвио Берлускони завршил право на Универзитетот во Милано, а во тек на студиите основал бенд со сегашниот директор на корпорацијата „ Mediaset “ и аматерскиот пијанист Федел Конфалонијер. Берлускони во бендот свирел бас гитара и бил главен вокал. Започнал да заработува откако изградил неколку станбени блокови, а парите ги вложил во рекламна агенција. Подоцна покренал ТВ канал, по што за кратко стана медиумски могул и сопственик на ФК Милан. Во 1993 година ја основаше партијата „Форза Италија“, која го однесе на чело на државата.

berluskoni-nasmean

Тони Блер-промотер

Како и повеќето тинејџери во шеесетите години, Тони Блер бил опседнат со рокенрол. Иако идол му бил Мик Џегер, тој сонувал да стане менаџер или промотер. Пред да започне со правните студии, во Лондон поминал една година управувајќи со студентски рок бендови, на кои им договарал свирки.

Никола Саркози-чистач

Иако овие денови е застапен во јавноста поради корупција, поранешниот претседател на Франција, Никола Саркози израснал во многу богато семејство и немал потреба да заработува за преживување. Сепак, во тек на службата во војска работел како чистач на борбени авиони.

sarkozi-prst

Иако, татко му го напуштил уште додека бил млад, тој успеал по правните студии да отвори рекламна агенција, за да се грижи за себе. Тоа му донело пари, а веќе на 22 годишна возраст бил политички активен.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Додик отпатува за Русија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина