Како функционираат култовите?

Од:

index.hr – Загреб

Култовите секогаш ќе се врзуваат за големи имиња, тоа им стои во дефиницијата.

За најголемите меѓу нив, како што на пример е Чарлс Менсон, снимани се документарци и пишувани се книги во кои биле претставувани како мегаломански социопати кои како да се единствено тие такви кои некогаш оделе по земјата, пишува „Вајс“. Но, постојат многу помали поскромни групи кои сеуште вовлекуваат луѓе во свои измами и од нив цицаат се до последната пара.

Иан Хаворт, поранешен член на еден таков култ, води Информативен центар за култови во Велика Британија од 1987 година. Таму тој и неговиот тим на луѓе нудат информации, но и помош на тие кои сакаат да напуштат одредено членство, како и на тие кои тој чекор веќе го направиле. Во разговор за Vice се обиде да демистифицира некои факти поврзани токму со феноменот на култовите.

Како си завршил во култ?

Еден ден бев во шопинг и запознав жена која ме праша дали можам да и помогнам со анкетата. Се согласив. Потоа ми рече дали можеби сум заинтересиран да се придружам на заедницата која таа ја претставува. – Не мислиш ли дека е време нешто да вратиш на заедницата, наместо цело време нешто да земаш, како што тоа го прават многумина?

Разговаравме, а потоа следеше одење на кафе, а потоа во кино. На паузата луѓето почнаа да доаѓаат во просторијата носејќи храна. Платив долар ипол за учеството, па мислев дека ќе остане на тоа.

Потоа отидов да запалам цигара, кога некој ми пријде и ми рече: – Ох, не знаевме дека пушиш. Можеш да пушиш тука надвор, но дали некогаш си размислувал да прекинеш со пушењето? Месец дена пред тоа лекарката ми рече дека ќе умрам до 40 ако не престанам, па со оваа тема ме заинтересираа. Ми нудеа курс од четири дена и ми гарантираа успех. На крајот на курсот им ги дадов сите пари што ги имав, се одлучив да им го посветам целиот свој живот и дадов отказ на работа.

Тоа било брзо. Како на крајот си заминал од таму?

Целосно се променив како човек, но јас тоа секако не го знаев. Моите пријатели го знаеа, мојот цимер исто така. Луѓето почнаа да се плашат од мене, ме жалеа, луѓето имаа многу различни емоции, но не знаеја што да направат. Луѓето на работа беа шокирани од мојата идеја да дадам отказ бидејќи ми одеше многу добро. Во последниот месец од мојата работа во групата (ПСИ Институција за развој на умот, која повеќе не постои) беше откриена во медиумите. Јас се уште не бев програмиран против медиумите па бев отворен за информации од тој избор. Тоа ја оживеа критичната страна на мојот ум и успеав да заминам од таму. И потоа поминав низ период од 11 месеци на сериозно одвикнување.

Веруваш ли дека интелигентните, образованите луѓе, попрво можат да подлегнат на нешто такво, отколку тие кои се сметаат за хаотични и нестабилни?

Идејата за луѓе со проблеми е вечен мит. Луѓето сакаат да замислуваат дека тоа само на таквите им се случува, бидејќи не сакаат да се чувствуваат ранливо. Не го користам зборот ранливо често, но тврдам дека сме многу ранливи кон техниките на разни групи. Покојниот др. Џон Џ. Кларк, кој многу го цитирам, рече дека најбезбедни луѓе се луѓе кои се ментално болни. Најлесно е да се регрутираат тие со будни, љубопитни мозоци, кои сакаат да дебатираат за разни теми со други луѓе. Земете лице со силни ставови и ставете го во култ. Техниките кои ги употребуваат ќе го скршат многу, многу брзо. Колку човек е попаметен и поздрав, толку е поедноставно за нив да го контролираат. За жал таква е реалноста.

Кои се примарните мотиви за регрутирање на луѓе во култови?

Најчесто тоа се луѓето и парите. Некои само уживаат во моќта која ја имаат над маса луѓе, други сакаат нагло да се збогатат, а некои дури имаат амбиции да го освојат светот. Потоа, тука има луѓе кои вистински веруваат дека се Богови или нешто слично. Таквите често се ментално болни. Значи, има разни т.н. водачи и различни мотиви, но најчеста е контролата над луѓето и парите.

Дали некогаш се инфилтрираш на состаноци во култ за да дојдеш до информации?

Не, тоа би било глупаво. Нивните техники не функционираат на секого, вклучувајќи ме и мене.

Што обично го поттикнува човекот да се обиде да излезе од култот и да побара помош?

Бидејќи култовите користат техники за контрола на умот за да регрутираат луѓе, умот на лицето го контролира група. Значи, лицето нема контрола над своите нормални мисловни процеси, т.е. не е во состојба критички да просудува. Станувате некој друг. Сепак, тоа што е заедничко за сите е дека сите имаме нешто што може да го реактивира критичкиот ум. Тоа може да биде нешто што ќе видите или слушнете, а не сте требале. На пример, ако сте програмирани дека луѓето ќе бидат агресивни и злобни кон вас, а тие се добронамерни и тоа може да биде нешто што се ќе промени.

И значи, колку култовите се активни во обидите да вратат некој член?

Тоа варира. Најчесто луѓето кои се во група веруваат дека нешто ужасно ќе им се случи ако ја напуштат. Па не е чудно дека некој од таа група ќе се обиде да најде поранешен член, за да го спаси.

Дали техниките секогаш се психолошки или си се сретнал и со насилство и физички закани?

Бев во контакт со луѓе кои излегле од култ и умреа. Тоа беше еден случај кој требаше да заврши на суд. Владата разгледуваше на одредена група да го симне статусот на хуманитарно здружение, а клучниот сведок, кој беше поранешен член, беше најден обесен. Некои луѓе зборуваат дека се работи за убиство, некои дека било самоубиство. Јас не знам.

Еден тип со кој зборував во Канада побегна од организацијата и беше многу потресен. Јас со луѓето инаку разговарам само преку телефон, но му понудив да се сретнеме. Беше на факултет и имаше многу обврски, бидејќи му почнувале испитите, па му предложив некој да му се јавува два пати неделно додека му траат испитите, за да видиме дека со него е се во ред. Се согласи на тоа.

По испитите беше најден со пресечено грло и повторно, некои велат дека тоа било самоубиство. Неговото семејство тврди дека е убиство. Неговиот татко е лекар и тврди дека на местото на кое бил најден немало доволно крв за да се работи за самоубиство.

Што може да се направи да се спречи делувањето на таквите групи?

Владите мора да сфатат дека терористичките групи не делуваат само надвор од границата на земјата, туку дека постојат и тие кои од луѓето прават радикали во нивниот сопствен дом. Поранешни членови на култови се извор на информации. Би било добро да постои едукативна програма која на општеството ќе помогне да свати како оперираат култовите.

Би можело да ве интересира

Полскиот историчар Рубаха тврди: Илинденското востание го раководеле Бугари

A1on

ЗИРМ: Учебникот по Историја за V одделение изобилува со погрешни информации и со неосновани констатации

Горан Наумовски

Николај Милков: Пред да влезе во ЕУ, Македонија треба да се раздели со лажните парадигми во историјата

A1on

Џамбаски: Господине Османи, Гоце Делчев е Бугарин, нема две верзии на историјата

A1on

Бугарски научници: Лагите на македонските историчари ќе се најдат во сите светски библиотеки

A1on

Видео: „Срам и арам, ни јазикот бетон, ни историјата – во ЕУ не ќе влеземе ни за 100 години“ – експерти контра владата

Анита Петровска Рајковиќ