Кадиров го покани Помпео во родното село во Чеченија за да разговараат за човековите права

Од:

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, реагирајќи на новите санкции што му ги наметна американскиот Стејт департмент за кршење на човековите права во земјата, го покани државнио секретар на САД Мајк Помпео во неговото родно село, за да разговараат за тоа кој всушност ги крши човековите права.

– Како што знаете, јас сум на друг список на луѓе под санкции. Очигледно, Американците имаат многу такви списоци. Толку се исплашив, што се вратив во моето родно село Беној. Помпео, дојди овде, многу е убаво. Да видиме кој какви права крши, изјави лидерот на руската република за јавниот медиумски сервис во Чеченија.

Одлуката за воведување нови визни санкции против Кадиров вчера ја објави Стејт департментот, во согласност со закон кој им овозможува да забранат влез во САД на странски државјани кои се сметаат за одговорни од американските власти за кршење на човековите права.

Покрај Кадиров, со санкциите се опфатени и неговата сопруга и двете ќерки.

Би можело да ве интересира

Стармер: Преговорите со САД за трговскиот договор „добро напредуваат“

Баербок: Преговорите меѓу Русија и САД се во ќорсокак

Ритер: САД ќе се согласат со повеќето услови на Русија за решавање на конфликтот во Украина

Кина е најголема закана, САД ќе ја поддржат Европа само со нуклеарно одвраќање против Русија

Али Хамнеи: САД ќе се соочат со силна одмазда ако го нападнат Иран

Дали САД се подготвуваат да го нападнат Иран: Сателитските снимки покажуваат групација на стелт бомбардери Б-2

Предраг Петровиќ