Качински тврди дека неговата партија победила на регионалните избори, опозицијата ја освои Варшава

Од:

Владејачката партија Закон и право победи на регионалните избори во Полска изјави синоќа лидерот на партијата Јарослав Качински.

– Победивме…ова добро изгледа за иднината особено кога се во прашање парламентарните избори, рече Качински ставајќи акцент на парламентарните избори закажани за следната година.

Според излезните анкети, партијата Закон и право освои 32,3 отсто од гласовите на вчерашните регионални избори.

Според податоци на Ипсос, коалицијата на центристички партии освои 24,7 отсто од гласовите.

Според истите анкети, проевропскиот кандидат на опозицијата победил во првиот круг од локалните избори за градоначалник на Варшава.

Рафал Тѕасковски, некогашен пратеник во Европскиот парламент, ја добил поддршката од 51,4 отсто гласачи, покажаа излезните анкети на Ипсос.

Со тој резултат тој го избегна вториот круг од гласањето на 4 ноември, јавуваат некои светски медиуми.

Излезноста на изборите била 51,3 отсто, што е повеќе во однос на 2014 година, покажуваат излезни анкети од 1.160 гласачки места во Полска.

Би можело да ве интересира

Полска издвојува 375 милиони долари за зајакнување на оградата на границата со Белорусија

ВИДЕО: Изгоре огромен трговски центар со 1400 продавници во Вашрава

Полски министер за одбрана: Полјаците се огорчени кога гледаат млади Украинци во кафулињата

Горан Наумовски

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Полска: Претреси на неколку локации кои се дел од истрагата за наводна руска шпионажа

Горан Наумовски

Пијан провалил во козметички салон во Полска и заспал, го разбудила полицијата