Качински најави повлекување од партијата во 2023 година

Од:

Лидерот на полската партија на десниот центар Право и правда Јарослав Качински кажа дека планира во 2023 година да се повлече и направи место за нов лидер на партијата, јавија полските медиуми.

Качински не е член на Владата, туку е пратеник, но и покрај тоа е најмоќниот политичар во земјата, кој ја креира политиката на нацијата.

На одбележувањето на кампањата „Семеен пикник“ Качински денеска изјави дека „ за четири години некој друг ќе биде на моето место, бидејќи јас сум веќе во одредени години“, пренесоа американските медиуми.

За време на владеењето на „Право и правда“ полската Влада воведе големи бенефиции за семејството, што се многу популарни меѓу граѓаните, и на партијата и донесоа широка поддршка од избирачите.

Партијата „Право и правда“, исто така, ја презеде контролата врз правосудството, заради што Варшава се најде на мета на остри критики од ЕУ.

Брисел смета дека владеењето на правото и демократските вредности во Полска се доведени во опасност, а Качински, меѓутоа, ги отфрла сите обвинувања, покрај другите и дека е диктатор.

-Да беше ова диктатура, немаше да имаме опозиција и јавни критики за партијата, рече Качински во селото Кучи-Колонија.

-Ние сме островот на слободата во Европа, истакна тој.

Полска , исто така, упатува критики до ЕУ и наведува дека таа сака поголема моќ во одлучувањето во Брисел.

Би можело да ве интересира

Полска издвојува 375 милиони долари за зајакнување на оградата на границата со Белорусија

ВИДЕО: Изгоре огромен трговски центар со 1400 продавници во Вашрава

Полски министер за одбрана: Полјаците се огорчени кога гледаат млади Украинци во кафулињата

Горан Наумовски

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Полска: Претреси на неколку локации кои се дел од истрагата за наводна руска шпионажа

Горан Наумовски

Пијан провалил во козметички салон во Полска и заспал, го разбудила полицијата