Јужнокорејскиот МВР се извини за трагедијата во Сеул

Од:

Јужнокорејскиот министер за внатрешни работи Ли Санг-мин денеска се извини за несреќата во која загинаа 156 лица за време на Ноќта на вештерките во Сеул, што е прво официјално извинување по трагедијата.

– Би сакал искрено да ѝ се извинам на јавноста за несреќата, како министер задолжен за безбедноста на луѓето, рече министерот во парламентот по што ја наведна главата пред пратениците, пренесе Бета.

Претходно, шефот на јужнокорејската полиција изјави дека одговорот на безбедносните сили бил „недоволен“, бидејќи добиле неколку известувања за непосредна опасност пред несреќата во Сеул.

Полицијата уште пред несреќата знаела дека се собрале голем број луѓе и оти има голем метеж, а тоа требало да биде итен сигнал за можна опасност, изјави началникот на националната полиција Јун Хи Кеун и додаде дека начинот на кој биле обработени информациите бил недоволен.

Најмалку 156 лица, главно млади луѓе, загинаа, а десетици беа повредени во стампедо во саботата вечерта во популарна населба во Сеул.

Локалните медиуми тогаш јавија дека околу 100.000 луѓе се движеле во тој дел на Сеул и тоа беше најголемиот собир од укинувањето на рестрикциите воведени поради пандемијата на коронавирусот.

Медиумите додаваат дека полицијата во тој дел од градот распоредила 137 свои припадници, додека за друг собир во Сеул на кој присуствувале околу 25.000 луѓе биле мобилизирани 6.500 полицајци.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Во стампедо на стадион на Мадагаскар: Најмалку 12 лица загинаа, меѓу кои и деца

(ВИДЕО) Навивачка погина во стампедо: Тажен епилог на хаосот пред мечот во Мароко

Предраг Петровиќ

Северна Кореја истрела повеќе од 100 артилериски ракети, Сеул испрати предупредување

А1он

ВИДЕО: Погреби на жртвите од трагедијата во Сеул, се отвораат се повеќе прашања за тоа како настанал хаосот

Катерина Ѓуровски

Сеул: Северна Кореја истрела балистичка ракета и 170 гранати кон Јапонското Море

А1он

Сеул: Северна Кореја истрела стотина топовски гранати во морската тампон зона

А1он