Северна Кореја истрела повеќе од 100 артилериски ракети, Сеул испрати предупредување

Од:

Северна Кореја истрела околу 130 артилериски проектили во морето во близина на нејзиниот источен и западен брег, соопштија јужнокорејските власти, во, како што изгледа, најновата воена вежба на Пјонгјанг во близина на заедничката граница. Некои гранати паднаа во зона долж морската граница, што Сеул го нарекува прекршување на меѓукорејскиот договор од 2018 година за смирување на тензиите.

Јужнокорејската армија неколкупати испратила предупредување до Северна Кореја поради истрелување проектили, се вели во соопштението на Министерството за одбрана. Северна Кореја веднаш не го пријавила артилерискиот оган, но извршила повеќе воени активности, вклучително и лансирање на проектили и вежби од борбени авиони и артилериски единици за кои рекла дека се одговор на сојузничките вежби на југот.

Јужна Кореја и Соединетите Држави спроведуваат заедничка вежба гаѓање од копно во близина на границата во округот Чеорвон на средината на полуостровот. Сојузниците ги засилија заедничките воени вежби оваа година, велејќи дека тие се неопходни за одвраќање на нуклеарно вооружениот Север.

Би можело да ве интересира

Северна кореја се пофали: Путин насокро доаѓа во посета

Северна Кореја тестираше беспилотен подводен систем за нуклеарно оружје

А1он

Последното предупредување – ерата на мирот заврши, подгответе се за војна, веќе се распоредени 20.000 војници

Северна и Јужна Кореја „разменија“ гранати: Војската на Ким Џонг Ун подготвена и за најмала провокација

А1он

ВИДЕО: Лидерот на опозицијата во Јужна Кореја избоден со нож во вратот

Јужна Кореја и се закани на Кина: Не може да се толерираат промени во Јужното Кинеско Море

Катерина Ѓуровски