Јужнокорејски радари регистрирале балистички објект, истрелан од Северна Кореја

Од:

Јужна Кореја регистрира нови истрели од Северна Кореја, а радар на 21. пешадиска дивизија ја проследи траекторијата на мала летачка цел, објави денеска весникот „Чунан илбо“, пренесува ТАСС.

Радарите открија истрелана од Северна Кореја цел, што се движела по балистичка траекторија. Моментално војската на Јужна Кореја се обидува да изврши идентификација, пишува весникот.

Според извори блиски до весникот станува збор најверојатно за артилериска граната или слична муниција.

Претседателката на Јужна Кореја Парк Гуен-хе изврши вонредна проверка на готовноста на војската во база во градот Јонин, на околу 40 километри од Сеул. Ненајавената посета доаѓа во време на зголемени тензии на Корејскиот Полуостров.

Јужна Кореја во врска со тензичната ситуација на полуостровот е во постојан контакт со САД и други држави. – Владата ни претстави детали за ситуацијата со истрелите на други земји, како и на ОН. Моментално разгледуваме мерки за спречување на евентуални провокации од Север, изјави портпаролот во Сеул, додавајќи дека најмногу контактираат со САД врз основа на билатералната соработка во одбраната.

Ситуацијата на Корејскиот Полуостров значително се заостри вчера, откако Северна и Јужна Кореја разменија артилериски напади во западниот дел на демилитаризираната зона. Според Сеул, прв отворил оган Пјонгјанг, додека Северна Кореја ги отфрла обвинувањата дека нејзините војници нападнале први.

Северна Кореја вчера постави 48-часовен ултиматум за прекин на пропагандната кампања на Јужна Кореја во демилитаризираната зона. Генералштабот во Пјонгјанг се закани дека во спротивно ќе започне воени дејствија.

Би можело да ве интересира

Северна Кореја истрела проектил за кој се сомнева дека е балистичка ракета

Ким Јонг-ун: Време е да бидеме подготвени за војна

Северна кореја се пофали: Путин насокро доаѓа во посета

Северна Кореја тестираше беспилотен подводен систем за нуклеарно оружје

А1он

Последното предупредување – ерата на мирот заврши, подгответе се за војна, веќе се распоредени 20.000 војници

Северна и Јужна Кореја „разменија“ гранати: Војската на Ким Џонг Ун подготвена и за најмала провокација

А1он