Јужнокорејски пратеник уапсен под обвинение за подготовка на терористички акции

Од:

Јужнокорејската полиција денеска во Сеул го уапси пратеникот и лидер на опозициската Обединета прогресивна партија, Ли Сеок-ки, откако преходно Парлментот на Јужна Кореја донесе одлука за одземање на неговиот пратенички имунитет.

Како што јави ИТАР-ТАСС, Јавното обвинителство го товари Ли дека со поддршка на Северена Кореја формирал „тајна револуционерна организација“, која планирала да уништи повеќе витални инфраструктурни објекти во Јужна Кореја, доколку дојде до нова војна на Корејскиот Полуостров.

Ли и неговата Обединета прогресивна партија ваквото обвинение го оценија како „лов на вештерки“ и ги обвинија властите дека на овој начин сакаат да го одвлечат вниманитето на јавноста од скандалот поврзан со националната разузнавачка агенција, чии припадници во пресрет на ланските претседателски избори преку интерент пласираа дезинформации за дискредитирање на опозициските кандидати.

Левичарската Обединета прогресивна партија има шест пратеници во 300-членото Национално собрание на Јѕжна Кореја.

Би можело да ве интересира

„Кралот на криптовалутите“ од домашен притвор се враќа во затвор

Горан Наумовски

Шерман разговараше со корејски и јапонски министри за Северна Кореја, војната во Украина

А1он

ВИДЕО: Јапонија и Кореја влегоа во 2021 година

Жарко Настоски

Ванг: Прашањата на Корејскиот Полуостров да се решат со дијалог

ЦСИС: Забележани знаци на активност во севернокорејскиот нуклеарен комплекс Јонгбјон

Сверна и Јужна Кореја ги отстрануваат минските полиња