Јужнокорејски нуклеарен реактор вчера запрел со работа заради техничко оштетување, последно во серијата проблеми, што предизвика вознемиреност во јавноста, пренесоа француските медиуми.
Реакторот, што се наоѓа на 330 километри југоисточно од престолнината Сеул, според представник на компанијата-оператор е запрен со работа заради дефект во уред за мерење.
Немало истекување на радијација и нема загадување на животната средина.
Ова е втор ваков инцидент во последните шест месеци со истиот реактор, а слични исклучувања имало и со други два реактора од други централи минатиот октомври.