Јужнокорејската војска ги ограничува „паметните“ телефони

Од:

Јужнокорејското Министерство за одбрана денеска соопшти дека им наредило на своите службеници да инсталираат апликација на своите „паметни“ телефони која ќе ги ограничува нивните функции, како што се камерите, со цел да се спречи издавање на воени информации.

Министерството наведува дека од денеска на неговите 1.500 вработени повеќе не им се дозволува да ги внесуваат телефоните во канцелариите доколку не ја инсталирале апликацијата наречена „мобил менаџмент дивајс“.

Одлуката предизвика долги редици на влезот од Министерството, бидејќи околу 20 отсто од вработените не ја инсталирале апликацијата.

Некои јужнокорејски медиуми објавија дека дел од вработените одбиле да ја инсталираат апликацијата поради загриженост за приватноста.

– Создадовме систем кој ги ограничува некои функции на смартфоните поради загриженоста дека нашата работа може да биде откриена преку нив, истакна претставникот на МО Ким Мин-Сеок.

Засега апликацијата се применува само за вработените во Министерството. Официјални претставници велат дека на сите јужнокорејски војници ќе им биде наредено подоцна да ја инсталираат.

Би можело да ве интересира

„Кралот на криптовалутите“ од домашен притвор се враќа во затвор

Горан Наумовски

Шерман разговараше со корејски и јапонски министри за Северна Кореја, војната во Украина

А1он

ВИДЕО: Јапонија и Кореја влегоа во 2021 година

Жарко Настоски

Ванг: Прашањата на Корејскиот Полуостров да се решат со дијалог

ЦСИС: Забележани знаци на активност во севернокорејскиот нуклеарен комплекс Јонгбјон

Сверна и Јужна Кореја ги отстрануваат минските полиња