Јужнокорејската претседателка се извини за секс скандалот на нејзиниот претставник за печат во САД

Од:

Јужнокорејската претседателка Парк Гуен-хе денеска лично се извини заради „непријатниот“ инцидент на нејизниот претставник за печат Јун Чанг Дунг во текот на посетата на Вашингтон, кого веднаш по враќањето од САД го отпушти од работа.

Јун Чанг Дунг е отпуштен заради наводите на американската полиција дека сексуално нападнал една млада Американка од корејско потекло, додека ја следел претседателката Парк на патот во САД од 5 до 9 мај.

-Имам потреба да се извинам заради непријатниот инцидент…. што се случи на крајот од мојата посета на САД и многу ги разочара луѓето, рече Парк на состанокот со персоналот.

-Искрено се извинувам за шокот што го доживеала студентката и нејзините родители и заради лузните кои остнаа на срцата на нашите сонародници во странство, кажала таа се наведува во соопштението објавено на сајтот на претседателовата Сина куќа, пренесуваат агенциите.

Скандалот веќе со денови доминира во печатот во Јужна Кореја, со извештаите што многу се разликуваат и во кои дури се поставува и прашањето зошто дојде до смена на претставникот на Сината куќа.

Парк изјави дека сите факти ќе бидат испитани за да не остане ни „најмала трага на сомнение“.

Полицијата во Вашингтон отвори истрага по повод жалбата за „прекршок на сексуално злоставување“ од страна на еден осомничен маж на возраст од 56 години.

Јужнокорејската агенција, врз основа на полициски извештај соопшти дека осомничениот Јун „ една Американка од корејско потекло фатил за бедро без нејзино одобрение“.

Јун, кој беше вратен во Сеул пред завршувањето на посетата, ги негираше сите обвиненија, изјавувајќи дека едвај го „потапкал нејзиниот струк“ во текот на единствената средба.

-Ја преколнувам да ми прости доколку ги повредив нејзините чувства заради ралзиката во културата. Длабоко и се извинувам, им кажа Јун на новинарите.

Јун беше конзервативен колумниста пред да му се приклучи на тимот на Парк минатата година.

Би можело да ве интересира

„Кралот на криптовалутите“ од домашен притвор се враќа во затвор

Горан Наумовски

Шерман разговараше со корејски и јапонски министри за Северна Кореја, војната во Украина

А1он

ВИДЕО: Јапонија и Кореја влегоа во 2021 година

Жарко Настоски

Ванг: Прашањата на Корејскиот Полуостров да се решат со дијалог

ЦСИС: Забележани знаци на активност во севернокорејскиот нуклеарен комплекс Јонгбјон

Сверна и Јужна Кореја ги отстрануваат минските полиња