Јужнокорејците се надеваат дека добрата храна ќе ги зближи поделените Кореи

Од:

Јонхап – Сеул

Шеесет и двогодишната Сонг Чун-сил, која пребегала од Северна Кореја, се уште јасно се сеќава на страшните економски проблеми низ кои минувала комунистичката држава и нејзините жители во 90-ите, во периодот познат како „макотрпниот марш“.

Во зенитот на страшната глад и економската криза од 1994 до 1998 година, она што ги одржуваше во живот обичните Севернокорејци како Сонг, беше „специјалната храна“ која произлезе од очајноста. Севернокорејците тогаш за да преживеат смислија две јадења: „инџогоги бап“ (варен ориз свиткан во месо од соја), и „дубу бап“ (пржено тофу полнето со ориз на пареа). Девет години откако избегала во Јужна Кореја, неодамна Сонг готвеше и продаваше храна за Јужнокорејци и странци на саемот за унификација, кој се одржа на плоштад во централен Сеул.

– Има малкумина Јужнокорејци кои знаат дека Севернокорејците издржаа низ мачниот период со овие јадења, рече таа. „Се приклучив на овој настан за да помогнам што повеќе луѓе подобро да ја разберат Севернокорејската култура на храната“. Оваа фотографија ја прикажува популарната улична храна во Северна Кореја, „инџогоги бап“, варен ориз завиткан во кожурка од плодот на соја, и „дубу бап“, пржено тофу полнето со ориз сварен на пареа. Сонг беше меѓу повеќето учесници на изложбата која ја истакнуваше потребата за меѓукорејска унификација, која се одржа од петок до недела на на плоштадот Гвангхамум. Организатор на настанот беше Унификациската црква во Сеул, и беше организиран со цел да се попдигне свесноста за обединувањето и покрај „запржените“ односи Сеул-Пјонгјанг.

Од поделбата на Северна и Јужна Кореја во 1945 година, контактите и размената луѓе-помеѓу-луѓе станаа многу ретки, а тоа отежнуваше за Корејците на поделениот полуостров меѓусебно да се разберат. Двете Кореи се технички сеуште во војна уште од Корејската војна 1950-53, која заврши со договор, но не и со мировен договор.

И покрај дамнешната поделеност, надежите за меѓукорејско обединување излегува дека се залудни затоа што тензиите помеѓу двете Кореи уште повеќе се заострија, заради четвртата нуклеарна проба на Северна Кореја и лансирањето на ракетата со долг дострел од почетокот на годинава.
Едно неодамнешно истражување на Универзитетот Кукмин покажува дека 46 проценти од 731 новозапишани студенти рекле дека ја поддржуваат унификацијата на двете Кореи, но само 17 проценти од испитаниците рекле дека унификацијата е изводлива.

– Одделот на храна на саемот беше со цел луѓето да уживаат во кулинарската култура на двете Кореи, и да сонуваат за обединета Кореја, рече официјален претставник на црквата која е надлежна за меѓукорејските прашања.

Мирисот на маслото за готвење во „набрзина подготвената храна“ доаѓаше од штандот каде Сонг и други пребегани Севернокорејци готвеа улична храна која се уште е популарна во Северна Кореја.
Економските маки на Северот за време на „макотрпниот марш“ дојде по големите поплави и меѓународната изолација по распадот на Советскиот сојуз во 1991 година. Се проценува дека околу три милиони Севернокорејци тогаш починале од глад.

„Инџогоги бап“, што во буквален превод значи ориз со вештачко месо, се прави со ориз на пареа завиткан во тенка мешунка од соја и послужен со лут сос. Тие велат дека има сличен вкус со месото, а сојата за Севернокорејците стана главниот извор на протеини.

– Некои посетители ме прашуваа дали овие јадења се со човечко месо, затоа што корејскиот збор „инџо“ значи направено од човек, рече Сонг.

Ли Ха-јеон е Јужнокорејски уметник за кимичи, и вели дека верува дека храната може да послужи како добар катализатор во зближувањето на народите од двете Кореи кога поделениот полуостров пак ќе стане единствен.

– Кога Корејците се среќни или тажни, кимичи секогаш е послужено на масата, рече Ли. „Меѓукорејската поделеност ја прекина размената помеѓу двете кулинарски култури. Сметам дека унификацијата може да започне од наједноставното – јадењето на храната од другиот“.

На саемот, таа прикажа како се подготвува „босам кимичи“, или завиткан кимичи, кое потекнува од севернокорејскиот пограничен град Каесонг, престолнината на династијата Горјео (918-1392). Босам кимичи „по каесоншки“ се прави со мешање на различни состојки, вклучувајќи морски плодови, јојоба, јаткасти плодови, овошје, ротквичка и други зеленчуци заедно со чили пиперчиња и солени шкампи, и потоа сето тоа се витка во листови од кисела зелка.

– Овој деликатес е веќе заборавен во Јужна Кореја, Се надевам дека добро ќе ја одиграм улогата во помошта што повеќе Јужнокорејци за уживаат во културата на подготвување кимичи од Северна Кореја, рече Ли. Корејскиот Институт за хуманитарни студии за храната постави свој штанд на саемот каде двете Кореи беа претставени преку најзначајните традиционални јадења и кимичи.

Едноставниот оброк на обичните Севернокорејци се состои од пченица сварена на пареа и измешана со ориз, супа и три одделни јадења, вклучувајќи и кимичи и зачинети мешунки од соја.

Оризот е главната состојка во исхраната во двете Кореи, но Севернокорејците исто јадат и пченица заради хроничниот недостиг на храна.

Како специјалитет во уличната храна во Северна Кореја е и „сокдојеон“, (колаче од ориз), јадење кое брзо се подготвува со мешање на вода и брашно од ориз.

„Сокдојеон“ или брза битка, е начинот на кој комунистичката земја го приморува народот во постигнување на нешто „набрзина“.

– На Јужнокорејците им е позната западната храна затоа што тука е полесно дфа се дојде до неа, но не и со Севернокорејската храна, вели Ким Кјунг-ми, експерт за корејска традиционална храна. „Подготовката на севернокорејска храна ме води до заклучокот дека ние навистина сме еден народ“.
Ким Јанг-хуи, бегалец од Северна Кореја, вели дека се чувствува носталгично кога го почувствувала вкусот на „сокдоејон“, колачето од ориз во Сеул, затоа што ја посетува на животот во Северна Кореја.

– Некои велат дека е глупост да се зборува за унификација во време кога меѓукорејските односи острануваат сериозно затегнати, вели Ким кој го предводи тимот за економија во Северна Кореја во Јужнокорејската банка за развој на Кореја.

– Но сметам дека треба да продолжиме да размислуваме за значењето на унификацијата и да не престануваме со напорите во подготовките тоа да се оствари.

Би можело да ве интересира

„Кралот на криптовалутите“ од домашен притвор се враќа во затвор

Горан Наумовски

Шерман разговараше со корејски и јапонски министри за Северна Кореја, војната во Украина

А1он

ВИДЕО: Јапонија и Кореја влегоа во 2021 година

Жарко Настоски

Ванг: Прашањата на Корејскиот Полуостров да се решат со дијалог

ЦСИС: Забележани знаци на активност во севернокорејскиот нуклеарен комплекс Јонгбјон

Сверна и Јужна Кореја ги отстрануваат минските полиња