Еднаш неделно група јужнокорејски војници, кои се во демилитаризираната зона војничките чизми ги заменуваат со балетанки, со цел преку танц и класична музика да го намалат стресот од воената служба на најзаштитената граница на светот, која ги дели комунистичката Северна Кореја и Јужна Кореја.
Балерината од Корејскиот национален балет Ли Хјанг-јо е задолжена за подучување на 15-те војници од 25. воена дивизија, кои меѓуостанатото досега ја поставиле „Лебедово Езеро“ од Петар Илич Чајковски.
Полковникот Хео Те-сун појаснува дека „балетот бара голема физична сила и дека е добар за јакнење на мускулите, за зголемување на флексибилноста и за правилно држење“.