Јужна Кореја, во договор со САД тројно го зголемува дометот на балистичките проектили

Од:

САД му дозволија на својот сојузник Јужна Кореја изградба на балистички проектили со домет од 800 километри, кои би ја покривале целата територија на Северна Кореја и делови од Јапонија и Кина.

Јужна Кореја со години се обидува да добие дозвола за поставување на ракети со поголем дострел со цел да стекнат предност во однос на северниот сосед. Од канцеларијата за односи со јавноста на претседателот Ли Мјунг-бак јавуваат дека се уште нема планови за промена на воената стратегија, но дека договорот “е политички симбол на силен американско-корејски сојуз против Пјонгјанг.”

Во април Северна Кореја изврши неуспешно лансирање на ракета која требаше да постави сателит во орбитата, критичарите сметаат дека тоа всушност е прикриено тестирање на ракета со долг дострел. Наводно тоа предизвикало страв и сомнеж во воените кругови во Јужна Кореја и САД, што на крајот доведе до оваа одлука, пренесува Би-Би Си.

Од друга страна, скептиците велат дека неуспешните лансирања во последните неколку години покажуваат, во најдобар случај, осредна состојба на балистичката програма на Северна Кореја, која не претставува вистинска закана.

Дозволата за зголемување на дометот на проектилите може да го поправи рејтингот на конзервативната партија за време на претседателските избори во декември. Иако според уставот. Ли не може повеќе да се кандидира, овој потег ќе и помогне на неговата партија да остане на власт.

Заговорниците за контрола на вооружувањето ќе приметат како новата состојба го крши режимот за контрола на ракетната технологија (MTCR). Договор кој на потписниците им ја ограничува употребата на ракетната технологија на 500 килограми и максимален домет од 300 километри. Здружението се состои од 34 земји потписнички, вклучувајќи ги и повеќето земји големи произведувачи.

Би можело да ве интересира

„Кралот на криптовалутите“ од домашен притвор се враќа во затвор

Горан Наумовски

Шерман разговараше со корејски и јапонски министри за Северна Кореја, војната во Украина

А1он

ВИДЕО: Јапонија и Кореја влегоа во 2021 година

Жарко Настоски

Ванг: Прашањата на Корејскиот Полуостров да се решат со дијалог

ЦСИС: Забележани знаци на активност во севернокорејскиот нуклеарен комплекс Јонгбјон

Сверна и Јужна Кореја ги отстрануваат минските полиња