Јужнокорејската армија распореди два воени брода опремени со систем за проитивракетна одбрана на источното и западното крајбрежје од државата.
Одлуката е донесена еден ден откако Северна Кореја постави ракети со среден дострел на источното крајбрежје.
Според јужнокорејските медиуми распоредувањето на двата воени брода е со цел да се следат активностите на севернокорејската армија.
– Доколку Северна Кореја истрела проектил ќе ја следиме траекторијата на движење, изјави јужнокорејски официјален претставник за новинската агенцвија Јонхап.