Јужна Кореја претстави прецизна крстосувачка ракета од домашно производство

Од:

Јужна Кореја денеска претстави крстосувачка ракета од домашно производство, за која тврди дека може да ги погоди работните простории на лидерот на Северна Кореја, обидувајќи се на тој начин да ја намали загриженоста кај своите граѓани дека технолошки е зад својот непредвидлив конкурент кој оваа недела изврши трета нуклеарна проба.

Официјален претставник на Јужна Кореја не сакаше да го открие точниот дострел на новата ракета, но нагласи дека таа може да погоди цел каде било на територијата на Северна Кореја.

Ракетата првпат е претставена во април минатата година, но претставникот истакна дека сега е комплетиран нејзиниот развој.

– Крстосувачката ракета претставена денеска е прецизно наведувано оружје кое може да го идентификува и да го погоди прозорецот од канцеларијата на лидерот на Северна Кореја, нагласи владиниот претставник Ким Мин-сеок.

Северна Кореја продолжува со развој на ракети со голем дострел. Крајната цел на Пјонгјанг, според верувањето на Вашингтон, е да произведе интерконтинентална балистичка ракета способна да носи нуклеарна боева глава, која би можела да ја погоди територијата на САД.

Пјонгјанг, кој речиси секојдневно ги обвинува САД и Јужна Кореја за воено подбуцнување, веројатно гневно ќе одговори на овој ракетен напредок на Сеул.

Би можело да ве интересира

„Кралот на криптовалутите“ од домашен притвор се враќа во затвор

Горан Наумовски

Шерман разговараше со корејски и јапонски министри за Северна Кореја, војната во Украина

А1он

ВИДЕО: Јапонија и Кореја влегоа во 2021 година

Жарко Настоски

Ванг: Прашањата на Корејскиот Полуостров да се решат со дијалог

ЦСИС: Забележани знаци на активност во севернокорејскиот нуклеарен комплекс Јонгбјон

Сверна и Јужна Кореја ги отстрануваат минските полиња