Јужнокорејанската претседателка Парк денеска изјави дека вратата за дјалог за мирно решение на проблемите на Корејанскиот полуостров се отворени, додавајќи дека дури и во време на војна државите треба да преговараат за тоа како мирно да ги решат споровите. Ваквата изјава на Парк доаѓа по серијата обвинувања од страна на Пјонгјанг дека токму таа е виновна завлошување на односите меѓу Северна и Јужна Кореја.
До дестабилизација на и онака лошите односи на Корејанскиот полуостров дојде по размената на оружен огон меѓу воените бродови на двете држави и еднодневната размена на митралески истрели на сувоземната граница.
Дипломатски извори во Сеул најавуваат дека со меѓународно посредување Јужна Кореја е блиску до донесување на одлука според која ќе биде забрането лансирање на балони кон Северна Кореја. На овие балони има пропагандни пораки во кои се бара унифицирање на поделениот полуостров, но во голем дел од нив се порачува дека добар и нормален живот може да се оствари само во Јужна Кореја. Властите во Северна Кореја порачуваат дека ваквите пораки ги иритираат нејзините жители, некогаш дури и повеќе од вестите за заеднички маневри на припадниците на армиите на Јужна Кореја и САД.