Јужна Кореја соопшти денеска дека ќе ги прекине активностите во заедничкиот индустриски парк со Северна Кореја, како одговорот за неодамнешното лансирање на севрнокорејската ракета со голем дострел, јави Јонхап.
Јужнокорејскиот министер за обединување Хонг Јонг-пјо изјави на прес-конференцијата дека прекинот на работата во индустриската зона во севернокорејскиот пограничен град Каесонг, ќе ја спречи Северна Кореја да ги користи девизите заработени во комплексот за развој на својата нуклеарна и ракетна технологија.
Комплескот, кој започна со работа во 2004 година, според Хонг, на Северна Кореја и обезбедува приходи од 560 милиони долари.
– Изгледа дека тие средства не се користат за трасирање на патот кон мирот, како што се надеваше меѓународната заедница, туку за развој на нуклеарно оружје и ракети со голем дострел, изјави Хонг.
Министерството за обединување во посебно соопштени нагласи дека Владата во Сеук решила комплексот „да згасне во целост“.
Јужна Кореја ќе им плати отштета на компаниите кои работат во Каесонг, инфромира јужнокорејското Министерство за финансии.
Северна Кореја засега не регираше на оваа одлука на Сеул.