Јужнокорејските власти денеска соопштија дека донеле одлуга за покачување на нивото на заштита на компјутерските системи во земјата, по зачестените кибер напади спроведени од територијата на Северна Кореја.
Ваквите најави од Сеул доаѓаат во време на зголемени тензии меѓу двете Кореи, до кои дојде по последната севернокорејска нуклаарна проба на почетокот на месецов.
Како што јави јужнокорејската агенција Јонхап, степенот на кибер опасност е покачен од „сино“ на „потокалово“ ниво, откако биле регистирани невообичаено големен број електронски писма упатени до повеќе јужнокоресјки државни институции од територијата на Северна Кореја.
Меѓу институциите до кои биле упатени овие и-меили биле и Кабинетот на јужнокорејсиот претседател, Министерството за надворешни работи на Јужна Кореја, како и повеќе интерент провајдери.
– Северна Кореја се обидува преку кибер напади да предизвика јавна вознемиреност инепријателски чувства против Владата, соопшти јужнокорејското Министерство за информатичка и комуникациска технологија.
Во соопштението се наведува дека овие кибер напади со испраќање електронски писма биле интензивирани по 6 јануари, кога Пјонгјанг објави дека извршил успешно тестирање на неговата прва хидрогенска бомба.