Властите во Сеул тврдат дека Северна Кореја минатиот месец извршила кибер напади врз интернет страници на јужнокорејски медиумски компании и врз сајтовите на претседателскиот и премиерскиот кабинет.
Нападите биле извршени на 25. јуни, кога се одбележуваше годишнината од Корејската војна. Јужнокорејското Министерство за наука денеска соопшти дека ја обвинува Северна Кореја врз основа на анализи на шифри, интернет адреси и персонални компјутери, користени при кибер нападите.
Истражна екипа формирана од Владата во Сеул оцени дека хакерските напади биле подготвувани неколку месеци.