Јужна Кореја е прогласена за најбезбедна земја за патувања

Од:

Според Нумбео, агрегаторот за статистика за градови и држави, Јужна Кореја има севкупно највисок индекс за безбедност во светот, со резултат од 85,69 поени, и се рангираше на прво место од 117 држави на листата, пренесува јужнокорејската агенција Јонхап.

На почетокот на 2015, Јужна Кореја беше рангирана на четвртото место со индекс на безбедност од 82,01. До средината на 2015 година, земјата се искачи на првото место со резултат 83,10 поени. Од тогаш ја задржа првата позиција. Рестриктивните закони за поседување и носење оружје во земјата и системот за одржување на јавниот ред се главните причини за овие постигнати резултати.

Во индексот за криминал во 2015, Сингапур се искачи на второто место со 84,19, а Јапонија е трета со 80,66 поени. Хонг Конг е четврти со 79,15, а Тајван петти со 78,79 поени.
Нумбео исто прави ранг листа на градови според стапката на криминал, а според ова мерење Инчеон се рангираше прв со 90,89, по него следуваат Кјото во Јапонија со 89,37, и потоа доаѓа Сеул со 85,72 поени.

Иако податоците Нумбео не ги собира од владини извори, веб страната прави анкети со илјадници поединци за да обезбеди точни и прецизни информации за животните услови низ светот, како што се животните трошоци, криминалот, индикаторите за цените на недвижностите, здравството, сообраќајот и загадувањето на воздухот. Прашањата во анкетите се слични на научните и владините анкети.
За да се пресмета севкупната спака на криминал, статистичиот агрегатор користи фактори како што се степен на криминал, закони за контрола на оружјето и безбедноста во дневните и ноќните часови.

Би можело да ве интересира

„Кралот на криптовалутите“ од домашен притвор се враќа во затвор

Горан Наумовски

Шерман разговараше со корејски и јапонски министри за Северна Кореја, војната во Украина

А1он

ВИДЕО: Јапонија и Кореја влегоа во 2021 година

Жарко Настоски

Ванг: Прашањата на Корејскиот Полуостров да се решат со дијалог

ЦСИС: Забележани знаци на активност во севернокорејскиот нуклеарен комплекс Јонгбјон

Сверна и Јужна Кореја ги отстрануваат минските полиња