Јужна Кореја ја повика Северна Кореја да се откаже од ракетната програма и да ги исплати стотиците милиони долари јужнокорејска помош добиени во последните десетина години.
Во периодот од 2000 до 2007 година Сеул и додели на Северна Кореја 2,6 милиони тони помош во вредност од 720 милиони долари. Пјонгјанг треба да ги врати средствата за 20 години под одредени услови, а првата рата во висина од 5,83 милиони долари требаше да биде уплатена на сметката на Сеул во јуни. Но, Северна Кореја не ја исплати ратата.
– Северна Кореја не ги плаќа долговите, народот и страда од недостиг на храна, а Пјонгјан сака да лансира ракети. Тие средства би можеле да бидат искористени за населението на Северна Кореја во период од неколку години, изјави портпаролот на јужнокорејското Министерство за национално обединување.
Северна Кореја само годинава потрошила 1,3 милијарди долари за разработување на ракети. Најверојатно снегот што падна ги забавил подготовките за лансирање на ракета со голем дострел, што беше планирано во периодот од 10 до 12 декември.
– Сателитските снимки покажуваат дека Пјонгјанг ја заврши монтажата на трите степени на ракетата „Унха-3“, но подготовката најверојатно е забавена поради снегот што падна, се наведува во соопштението на Американско-корејскиот Универзитет Џон Хопкинс.
Тоа е првпат Северна Кореја да лансира ракета во зима.