Јункер загрижен за царините, ЕУ покренува постапка против САД

Од:

Европската комисија веднаш се огласи со реакција на најавата на САД дека ќе воведат дополнителни царини на увозот на челик и алуминиум од ЕУ, најавувајќи дека утре во Светската трговска организација (СТО) ќе покрене правна постапка за оваа американска одлука.

Претседателот на Европската комсија,  Жан Клод Јункер нагласи дека е загрижен поради оваа американска одлука.

– Укажавме дека сме отворени за дијалог и за изнаоѓање начини за подобрување на билатералната трговија. САД не ни оставаат избор освен да се обратиме до Светската трговска организација за воведувањето дополнителни давачки. Ќе ги одбраниме интересите на Унијата во согласност со меѓународните трговски закони, истакна Јункер.

Со слична реакција се јави и еврокомесарката за трговија Сесилија Малмстром.

– Ова е лош ден за светската трговија… Ова не е начин на правење бизнис особено не помеѓу долгогодишни партнери, пријатели и сојузници, сега кога е појасно, одговорот на ЕУ ќе биде пропорционален, истакна Малмстром.

Како што јави дописничката на МИА од Брисел, ЕУ смета дека американската одлука не е во согласност со меѓународните правила и затоа ќе ги преземе сите мерки за да го заштити европскиот пазар од штетни последици.

Претходно денеска американскиот секретар за трговија Вилбур Рос соопшти дека од утре стапува во сила одлуката за воведување на најавените царини за увоз на алуминиум и челик од Европската Унија, Канада и Мексико.

Американскиот претседател Доналд Трамп претходно воведе мораторим на одлуката за стапувањето во сила на царините за увоз од ЕУ, Канада и Мексико, кој истекува и нема да биде проодлжен. Во иднина, извозот на челик од овие три земји кон САД ќе се оцаринува со 25 проценти, а извозот на алуминиум со 10 отсто.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски