Јункер: Турција треба внимателно да го прифати предупредувањето од ЕУ

Од:

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јунер изјави дека Турција треба внимателно да го прифати предупредувањето на ЕУ за замрзнување на преговорите за членство и да се погрижи за реформите кои ги бара Унијата, јавија белгиските медиуми.

Јункер наведе, дека резолуцијата која ја усвои ЕП во четвртокот, која повикува на замрзнување на преговорите за членство на Турција во ЕУ, не треба да се потценува, бидејќи иако не е обврзувачка, може да предизвика ефект кај земјите членки кои одлучуваат за влез во Умијата.

Јункер ја отфрли и заканата на претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган дека ќе го укине договорот за мигрантите, со кој е спречено движењето на бегалците од Блискиот Исток кон Европа и апелираше до него да се погрижи за неопходните реформи.

Јункер оценува, дека Турција прво треба да ги промени антитерористичките закони, со цел граѓаните од Турција да добијат визна либерализација, што е предвидено со договорот за мигрантите.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда