Јункер: Создаваме Европски центар за стратешка политика за справување со бирократијата во ЕУ

Од:

Европската комисија денеска на првиот состанок на новиот Колеџ на комесари договори создавање на Европски центар за стратешка политика кој би се занимавал со прашања на реорганизација на бирократската структура во рамки на неформалната Влада на Европската унија. Ова денеска на прес-конференција во Брисел го потврди претседателот на Еврокомисијата, Жан-Клод Јункер, кој повеќе од еден час одговараше на новинарски прашања, како нова пракса тој или неговиот заменик Франс Тимерманс да соопштуваат јавно што и како се разговарало на Колеџот на комесари, јави дописникот на МИА од Брисел.

Заблагодарувајќи се на медиумите за позитивните критики за почетоккот на новиот состав на Комисијата, Јункер посочи дека би можел да трпи и негативни критки, но ако тие бидат неиздржани, дека ќе реагира жестоко. А, во однос на темите од денешниот прв колегиум на ЕК, Јункер рече дека најмногу се разговарало за прашања на внатрешната реорганизација, на поедини ресори и кабинети.

– Пред колегиумот најавив дека ќе застанам на крај на оваа постоечката структура. Истата би требало да се замени со Европски центар за стратешка политика. Не велам дека досега не се остварени резултати, но сметам дека мораме да се вратиме на она на што мислеше поранешниот претседател на Комисијата, Жал Делор на почетокот на својот мандат, а тоа е да се измени целата структура на ЕК, која ќе ги одржува политички приоритети кои ги претставив пред Европскиот парламент и на темел на истите. Немам конкретни имиња кој ќе го води Центарот за стратешка политика на ЕУ – посочи наследникот на Жозе Мануел Барозо.

Според Јункер, три часа на Колеџот на комесари се расправало за економски и социјални политики, при што комесарот за финансиски прашање, Пјер Московиси ја преставил економската прогноза од вчера, што според поранешниот премиер на Луксембург, била разочарувачка. Најавувајќи го Европскиот семестар за декември, тој рече дека потпретседателот на ЕК, Валдис Домбрвоскис ќе го води истиот и дека во резултатите на првиот Европски семестар на новата Комисија ќе се ставиме нагласок на социјалната димензија во ЕУ.

– Расправавме и за планираниот пакет од 300 милијарди евра за вложувања во ЕУ, процес кој ќе го води потретседателот Јурки Катаинен. Се уште не можам да кажам каков е планот во однос на тоа од каде ќе ги најдеме овие средства, ниту каде конкретно ќе бдиат вложени, посочи Јункер.

Претседателот на Еврокомисијата, посочи дека денеска е продолжен и мандатот на работната група за Грција до јуни 2015 година, а се разговорло и за ситуацијата во Африка, како и за различните аспекти за фаќање во коштец со вирусот Ебола. Во овој поглед, посочувајќи дека еврокомесарот од Кипар задолжен за хуманитарна помош, Христос Стилијанидис, Јункер посочи дека Кипранецот Стилијанидис е Грк и дека затоа носи грчка кравата која ја добил во 2003 година кога Грција претседаваше со Унијата.

За забелешките на британскиот премиер Дејвид Камерон дека не може да ги поднесе евро-бирократите во Брисел, за што тој доби поддршка и од претседателот на Владата на Италија, Матео Ренци, Јункер рече дека новата ЕК е тука да обезбеди ускладување на економските политики на некои подрачја, но дека тој не може да прифати некој премиер да каже дека не може да ги поднесе т.н. еврократи.

– Не сум претседател на некои бирократи. Ние сме овде политичка Комисија и тоа што го предводам се големи политички имиња, па во таа смисла морам да кажам дека нема да ги решавам работите со Ренци, посебно за вакви прашања, ниту, пак, со Камерон – рече челникот на неформалната Влада на Унијата.

Во однос на тоа дали ќе се заострат санкциите на ЕУ кон Русија поради влошената ситуација во Украина, Јункер рече дека постоечките рестриктивни мерки ќе останат и дека засега нема нивно проширување. За заштитата на банките во Луксембург и нивно фаворизирање во однос на некои мултинационални компании, челникот на Комисијата рече дека ЕК може да покрене истраги кога се работи за плаќање на данок или фаворизирање на некои субјекти, што не важи само за Луксембруг, туку и за некои други држави.

Јункер рече и дека кога говори за било-која тема, дека тој говори во име на Комисијата, ни дека некогаш изразува лично мислење, за што според него, не бара одобрување од никово. А, запрашан да ги прокоментира изборите во САД, рече дека не ги видел резултаите, но дека не очекува нивниот исход да влијае врз преговорите за трансатлантски трговски договор со Европската унија.

На крајот од денешната прес-конференцијата, Јункер потврди и дека наскоро ќе ја посети Украина, поради ветувањето што му го дал на украинскиот претседател дека негова прва посета како челник на ЕК, на земја надвор од ЕУ, ќе биде токму на Украина.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

ЕУ за А1он: Измените на Законот за игри на среќа не упатуваат ниту на ограниченото европското законодавство

Александар Тодески