Јункер: Италија се оддалечува од буџетските цели на ЕУ

Од:

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер денеска ја  предупреди Италија дека со предложениот буџет за 2019 година, се оддалечува од буџетските цели усогласени на ниво на ЕУ и порача дека не сака на Италија да и се случи криза каква што ја погоди Грција .

– Јас не би сакал, откако излеговме на крај со грчката криза, да завршиме во иста таква криза во Италија. Една таква криза е доволна, рече Јункер во говорот кој го одржа во Германија.

Претседателот на ЕК истакна дека, „ако Италија сака понатамошен посебен третман, тоа би значело крај на еврото”.

– Затоа мора да бидете многу строги, заклучи Јункер.

Буџетот  кој го предложи италијанската влада за следната година, Европската унија го критикува како премногу „лабав”.

Претседателот на Европскиот парламент  Антонио Тајани оцени во петокот дека фискалните цели на евроскептичната италијанската влада „против народот”, се  можат да го погодат штедачите и да предизвикаат да не дојде до отворање на нови работни места.

Италијанската влада во четвртокот  најави дека буџетскиот дефицит ќе изнесува 2,4 отсто од БДП годишно во текот на следните три години, спротивставувајќи се на фискалната регулатива на ЕУ и изненадувајќи ги пазарите, кои очекуваа пониски цели за дефицитот.

Би можело да ве интересира

Јункер: ЕУ и Британија се во „глупава војна“ околу вакцините

Жарко Настоски

Јункер: Не се согласувам со многу негови одлуки, но го почитувам Трамп

Ана Ололовска

Јункер на итна операција

Јункер на пијано ја отсвири „Ода на радоста“

Татјана Ташкова

Лидерите од ЕУ одлучуваат за наследник на Јункер

Ана Ололовска

Меркел: Ја почитувам одлуката на Меј

Ана Ололовска