Јункер ги избра 26-те комесари на Европската комисија

Од:

Новиот претседател на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, синоќа ги заврши интервјуата со кандидатите за идни еврокомесари и утринава до италијанскиот премиер Матео Ренци, чија држава до крајот на годинава претседава со Советот на Европската унија, го испрати списокот со 26 имиња.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, заедно со него како претседател и веќе избраната потпретседателка на Комисијата и Висока претставничка за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини, идниот комесарски состав ќе има идентичен број на комесари (28), колку што ЕУ има земји-членки.

Според известувањето што денеска го даде Еврокомисијата, Јункер на Ренци, кој ја изршува и функцијата претседател на Советот на ЕУ, му испратил список со следните имиња, кои по неговото одобрување, потоа треба да ги избере и Европскиот парламент:

– Витенис Андруикатис (Литванија), Андрус Ансип (Естонија), Мигел Ариас Кањете (Шпанија), Димитрис Аврамопулос (Грција), Елжбиета Биенковска (Полска), Аленка Братушек (Словенија), Корина Крецу (Романија), Валдис Домбровскис (Летонија), Кристалина Георгиева (Бугарија), Јоханес Хан (Австрија), Џонатан Хил (Велика Британија), Фил Хоган (Ирска), Вера Јурова (Чешка), Јурки Катаинен (Финска), Сесилија Малстром (Шведска), Невен Мимица (Хрватска), Карлос Моедас (Португалија), Пјер Московиси (Франција), Тибор Наврачич (Унгарија), Гинтер Ојтингер (Германија), Марош Шевчович (Словачка), Христос Стилијанидис (Кипар), Мариане Тисен (Белгија), Франс Тимерманс (Холандија), Кармену Вела (Малта) и Маргрет Вестагер (Данска).

Како што во текот на вчерашниот ден исткана Наташа Бертранд, портпаролка на Јункер, позициите кои горенаведените лица ќе ги добијат во новата неформална Влада на Европската унија, ќе бидат познати на 9-ти или најдоцна на 10-ти овој месец.

Постојано се шпекулира околу тоа кој од овие 26 лица (заедно со Јункер и Могерини) ќе превземе некое од сегашните еврокомесарски позиции, при што е неизвесно и дали ќе опстане местото комесар за проширување.

Причината е што и новиот претседател на Комисијата, како и Европскиот совет, утврдија дека во следните пет години, колку што ќе биде мандатот на новите еврокомесари, ниту една нова земја нема да се приклучи на ЕУ. 

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија