Јункер: Франција може да смета на поддршката на ЕУ во борбата против тероризмот

Од:

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер рано утринава прв меѓу лидерите на Европската унија изрази осуда на синоќешниот терористички напад во Ница, во кој најмалку 80 лица го загубија животот.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, Јункер синоќешниот чин го нарече „кукавички“  и порача на Франција дека може да смета на поддршката на Унијата во борбата против тероризмот.

– Јас сум многу погоден и натажен од страшната мака што го погоди прекрасниот град Ница на денот на прославата. Јас би сакал да ја изразам мојата голема солидарност со жртвите, нивните семејства и со сите француски мажи и жени на денешниот ден на жалост, по кукавичкиот чин на тероризам. Франција може да смета дека Европската комисија ќе продолжи да ја поддржува неа и другите членки на Европската унија во борбата против тероризмот во рамки на и надвор од Европската унија. Нашата определба ќе остане цврста како и нашето единиство, порача Јункер.

Ова е трет голем терористички напад во Франција во изминативе година и половина, откако во јануари 2015 година во терористички напад на редакцијата на весникот „Шарли Ебдо“ беа убиени 12 лица, додека лани во ноември во симултани терористички напади на три локации во Париз, меѓу кои главна цел беше концертната сала „Батаклан“ во која се одржуваше концерт – беа убиени 131 лице, а над 200 повредени.

По овие настани, ЕУ донесе неколку декларации за заедничка соработка на 28-те земји-членки во борбата против тероризмот.

Би можело да ве интересира

Јункер: ЕУ и Британија се во „глупава војна“ околу вакцините

Жарко Настоски

Јункер: Не се согласувам со многу негови одлуки, но го почитувам Трамп

Ана Ололовска

Јункер на итна операција

Јункер на пијано ја отсвири „Ода на радоста“

Татјана Ташкова

Лидерите од ЕУ одлучуваат за наследник на Јункер

Ана Ололовска

Меркел: Ја почитувам одлуката на Меј

Ана Ололовска