Јункер: Европа не треба да и држи лекции на Турција за мигрантите

Од:

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер изјави дека Европа треба да се воздржи од „држење лекции“ на Турција за прашањето за мигранттие, објави „Хуриет Делји Њуз“.

Според весникот, во изјава за „Еуроњуз“, Јункер напоменач дека Турција ги отворила вратите за над три милиони бегалци и заедно со Јордан и Либан има направено повеќе отколку ЕУ.

– Турција е многу важен сојузник и тоа не само поради кризата со бегалците. Се разбира, очиглден факт е дека Турција прими над три милиони белгаци, што Европа не може да го направи. Ете поради што сакам Европа да се воздржи од држење лекции на Турција во овој поглед. Турција заедно со Јордан и Либан направи повеќе од Европа. Па кога се зборува за ова прашање, човек треба да биде воздржан, оцени Јункер.

Запрашан за преговорите на Анкара за приклучување кон ЕУ, Јункер објасни дека „вистинското прашање кое треба да биде поставено е: Сака ли Турција да ги исполни сите критериуми, неопходни за да стане членка на ЕУ?“.

– Не мислам дека Турција си го поставува тоа прашање. И бидејќи ова прашање не се поставува, нема ни одговор за него, нагласи претседателот на ЕК.

Европарламентот во четвртокот усвои необврзувачка резолуција со кој се повикуваат Европската комисија и сите земји членки на ЕУ да иницираат времено замрзнување на пристапните преговори со Турција.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган вчера остро го критикуваше гласањето на ЕП за резолуцијата и се закани дека Анкара би можела да ги отвори границите за мигрантите кои сакаат да заминат кон земјите членки на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда