Јункер: ЕУ сочувствува со семејствата на жртвите во Лондон

Од:

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер вечерва испрати соопштение по повод терористичкиот напад во Лондон, Велика Британија, каде четири лица го загубија животот, а повеќемина се повредени. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, Јункер во име на Европската унија порача дека Брисел останува партнер на Лондон и дека Европејците ќе докажат дека љубовта секогаш ќе триумфира над омразата.

– Моите мисли се со Лондон вечерва, со семејствата на жртвите, со патниците кои патуваат дома и со луѓето низ целата земја и светот кои се обидуваат да стапат во контакт со своите најблиски, со службите за итни случаи кои работат храбро вечерва, како и секоја друга ноќ. Денеска се одбележува една година откако жителите на Брисел и Белгија доживеаја слична болка и ја чувствува поддршката на вашата симпатија и солидарност. Во ова емотивно време, ние во Европската комисија можеме само да испратиме двојна симпатија назад. Велика Британија секогаш ќе остане партнер и пријател и земја со која ќе продолжиме да работиме рака под рака во борбата против тероризмот. Заедно, Европејците никогаш нема да престанат да докажуваат дека љубовта секогаш ќе триумфира над омразата и дека толеранцијата секогаш ќе триумфира над стравот, истакна Јункер.

И европските лидери изразија поддршка и солидарност со Велика Британија по нападот пред британскиот Парламент, а поранешниот британски премиер Дејвид Камерон порача дека никогаш нема да победат тие кои со „варварски методи“ се обидуваат да ја нападнат демократијата на земјата.

– Моите мисили се со семејствата на повредените и убиените. Оние кои се обидуваат да ја нападнат нашата демократија со варварски методи никогаш нема да победат, напиша Камерон на Твитер.

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск на Твитер напиша дека неговите мисили се со жртвите од нападот.

– Европа цврсто стои со Велика Британија против тероризмот и е подготвена да помогне, порача Туск.

Германската канцеларка Ангела Меркел посочи дека со тага ја примила веста за денешниот инцидент во Лондон и оти нејзините мисли се со „британските пријатели и сите граѓани на Лондон“.

Францускиот претседател Франсоа Оланд изрази загриженост, а министерот за внатрешни работи Матијас Фекл наведе дека Франција е подготвена да помогне.

– Франција, која беше мета на тешки напади во последно време, знае дека британскиот народ денеска страда, посочи Оланд.

Портпаролката на Европската комисија Мина Андреева на Твитер напиша: „Сите сме жртви на нападот во Лондон. Многу сум емотивна денеска. Немам доволно зборови да изразам што чувствувам“.

Претседаталот на САД, Доналд Трамп телефонски разговараше со британската премиерка Тереза Меј по нападот во Лондон, а американскиот државен секретар Рекс Тилерсон го осуди инцидентот и изрази сочувство до семејствата на жртвите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) 23-годишно момче е убиено во бизарниот напад со меч во Лондон

ВИДЕО: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон

Два напади со самострел во Лондон

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Гори полициска станица во Лондон, пожарот го гаснат 175 пожарникари

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во Лондон, 11 лица завршија во болница

Горан Наумовски

Демонстрантите во Лондон кои маршираа за поддршка на Палестина го затворија Тауер бриџ

Горан Наумовски