Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер изјави денеска дека доколку Велика Британија одлучи да излезе од Европската унија тоа би значело почеток на период на глобална несигурност.
Таквата ситуација, како што рече Јункер, би требало да се избегне.
Јункер ова го изјави на Меѓународниот економски форум во Санкт Петерсбург во пресрет на разговорот со рускиот претседател Владимир Путин.