Јункер бара договор во десет точки со ЕП и со Советот за иднината на ЕУ

Од:

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, заедно со својот прв заменик, Франс Тимерманс, утринава испратија писмо до претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц и до италијанското претседателство со Европската унија, во кое предлага подобро координирана програма за работа на институциите на ЕУ и истакнува десет приоритети што ги идентификувал за 2015 година.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, во писмото на водечкиот двоец на Еврокомисијата до Шулц, италијанскиот премиер Матео Ренци и до претседателот на Европскиот совет, Херман ван Ромпуј и до неговиот наследник Доналд Туск, се наведува дека поблиска соработка меѓу институциите на Унијата може да испрати силна порака во вре кога кризата во ЕУ е се уште на сцена, а невработеноста и понатаму е “неприфатливо висока” и кога настаните во соседството на ЕУ се “повик за силен одговор”.

Иако според Договорите на ЕУ, Комисијата иницира годишни и повеќегодишни програми на Унијата, сепак, Јункер во писмото вели дека сака да го сподели со Европарламентот и со Советот на ЕУ, своето првично размислување за приоритетите за идната година. Главна поента на челникот на неформалната Влада на Унијата во писмото се десетте приоритети за ЕУ што тој ги посочува, а тоа е најпрво нов поттик за нови работни места, раст и инвестиции (овозможување работни места, раст и инвестициски пакет пред крајот на 2014 година, а истиот да го следи преглед на стратегијата “Европа 2020” и зајакната и подобра регулатива агенда. Потоа, Јункер и Тимерманс наведуваат дека е потребен пакет за поврзан дигитален единствен пазар, вклучително и поамбициозна реформа на пазарот за телекомуникации и предлог за реформи на авторските права.

Како трета точка во писмото, се наведува создавање на еластична енергетска унија со прогресивна политика за климатските промени, односно следење на енергетскиот пакет што е договорен минатиот октомври, подготовка на улогата на ЕУ на конференцијата за климатски промени во Париз во 2015 година и активности за зајакнување на енергетската безбедност. Четврти приоритет е подлабок и пофер внатрешени пазар со зајакнување на индустриската база преку спроведување на нови банкарски супервизорски правила и резолуција, комплетирање на финансиските услуги преку регулаторната рамка, предлози за управување со кризи и решавање на финансиските институции кои не се банки, работа на идните пазари на капитална унија, насочен преглед на објавување на директивата за работници, промовирање на мобилност на работната сила, работа на дефинитивен даночен режим  и мерки за борба против измамите и даночното затајување.

Подлабока и фер економска и монетарна унија (ЕМУ) е петта точка во писмото на Јункер и Тимерманс. Притоа, во овој дел се наведува воведување на предлози за продлабочување на ЕМУ и зајакнување на економското управување и разумен, а шеста точка е избалансиран Договор за слободна трговија со САД. Потоа, се предлага област на правдата и основните права врз основа на взаемна доверба преку обид за членство во ЕУ во Европската конвенција за човекови права и склучување на сеопфатен договор на ЕУ и САД за заштита на податоците и проверка на безбедносен договор.

Челниците на Еврокомисијата бараат и нова политика за миграција со спроведување на заедничка политика за азил, нова политика за легална миграција, почнувајќи со преглед на директивата “Сина карта”, комуникација за внатрешна стратегија за безбедност и оперативни мерки за борба против тероризмот и контра радикализацијата. Како деветта точка во писмото се посочува улогата на Европската унија како посилен глобален играч. Притоа, европската соседска политика со согледување и како да се напредува, како и проект за милениумските развојни цели се во срцето на оваа точка.

На крајот од писмото, како десетта точка, Јункер и Тимерманс наведуваат дека ЕУ треба да се претвори во Унија на демократски промени и за таа цел да се изврши преглед на законите за овластување на Генетски-модификувани производи (ГМО), меѓуинституционален договор за задолжителна транспарентност и меѓуинституционален договор за подобри законски одлуки.

Во вториот дел од писмото, Јункер им посочува на Шулц и на Ренци дека неговите услуги се на рапсолагање за во наредните недели да разменат мислења за овие прашања со институциите кои ги претставуваат. Притоа, наследникот на Жозе Мануел Барозо предлага нов меѓуинституционален договор “за подобри законски одлуки” и истиот се склучи пред крајот на оваа година. Идејата е трите институции на ЕУ (Еворпскиот совет, комисијат аи парламентот) да се договорат за мулти-годишна програма, утврдување на стратешките цели и испораки во почетокот на петгодишниот законодавен рок, како и дека програмата може да се разгледа на среден рок.

Според објаснувањето на Јункер и неговиот прв заменик Тимерманс, ЕК сака да ги концентрира своите напори во областите каде што има големи шанси за носење нови закони, а не да губи време, и онаму каде што има недостаток на консензус да ги спречува таквите однапред.

– Дијалогот со Европарламентот се одржува секоја година. Но, дијалогот со Совет никогаш не се случува претходно. Јас сум среќен да имаме можност да ги разјасниме приоритетите на Комисијата со земјите-членки, да се види кои се нивните приоритети. Потоа, ние ќе извлечеме сопствени заклучоци – порачува Жан-Клод Јункер.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

ЕУ за А1он: Измените на Законот за игри на среќа не упатуваат ниту на ограниченото европското законодавство

Александар Тодески