Јорданскиот министер за здравство поднесе оставка поради смртта на шест ковид пациенти

Од:

Јорданскиот министер за здравство Назир Обејдат поднесе оставка откако најмалку шест пациенти починале во болница во близина на главниот град Аман, поради прекин во снабдувањето со кислород, јавија јорданските државни медиуми.

Премиерот Бишер ал-Хасаун нареди истрага за болницата Солт, 20 километри северно од Аман, и наводно побарал оставка од министерот за здравство Обејдат. Весникот „Раи“, кој се смeта за близок до власта, потврди дека Обејдат поднел оставка.

Сè уште не е јасно што предизвикало прекин во снабдувањето со кислород. Дефектот ги погодил единицата за интензивна нега, породилишта и одделенија за коронавирус.

Јордан, земја со 10 милиони жители, се бори со нагло зголемување на бројот на заразени со коронавирусот и смртни случаи, и се соочува со тешкотии во обидот да набави вакцини.

Би можело да ве интересира

Групата Исламски отпор ја презеде одговорноста за нападот на американската база

Трамп: Да бев јас претседател ќе беше мир во целиот свет

(ВИДЕО) Тројца Американци се мртви, 30 повредени во напад на база во Јордан: Ќе одговориме порача Бајден

Нападната американската војска: Најмалку 3 војници загинаа, 25 се ранети

Египет и Јордан бараат итен прекин на огнот, за САД тоа само ќе го остави Хамас на власт

Јордан: Никој во регионот не верува во израелската приказна за експлозијата во болницата