Јорданскиот крал Абдула Втори повика на „Трета светска војна“, односно на заедничка борба против групацијата Исламска држава.
Тој во изјава за Си-Ен-Ен ги повика сите држави да се здружат и да помогнат во борбата против заканите што ги претставува ИД, откако џихадистичката група лани освои големи делови на Ирак и Сирија.
Абдула на претставниците на сите религии им порача да бидат заедно додавајќи дека „тоа е наша војна“.
– Имаме морална одговорност да дојдеме до тие муслимани, да ги спречиме да дојдат до нашите граници, рече тој.
Абдула не се заложи за бомбардирањето на позиците на ИД со нуклеарни проектили или за напад со илјадници тенкови, туку за единствен фронт, кој заедно би ги собрал „муслиманите, христијаните и припадниците на другите религии“.