Јорданците протестираа против укинувањето на субвениците за гориво

Од:

Илјадници луѓе синоќа се вклучија во протестите низ цел Јордан против одлуката на владата да ги укине субвенциите за горива.

Протестите често пати се проследени од насилство, а епилогот до овој момент е еден загинат, 70 ранети и 200 уапсени.

Престолнината Аман, која е „епицентар“ на демонстрациите, синоќа беше сцена на три одделни митинзи со повици владата да поднесе оставка заради укинувањето на субвенциите за горива.

Околу 300 учесници во еден од протестите дури го повика кралот Абдула Втори да абдицира.

Согласно јорданското законодавство упатувањето пораки до кралот и закани против владата се кривични дела што се казнуваат со затворски казни од 10 години.

Над 80 проценти од училиштата во Јордан вчера останаа затворени (прв ден от новата недела) заради штрајкот на учителите против укинувањето на субвенциите за горива.

Оваа мерка доведе до итно поскапување на горивата за 33 проценти и на гасот за готвење и затоплување за 50 проценти.

Би можело да ве интересира

Групата Исламски отпор ја презеде одговорноста за нападот на американската база

Трамп: Да бев јас претседател ќе беше мир во целиот свет

(ВИДЕО) Тројца Американци се мртви, 30 повредени во напад на база во Јордан: Ќе одговориме порача Бајден

Нападната американската војска: Најмалку 3 војници загинаа, 25 се ранети

Египет и Јордан бараат итен прекин на огнот, за САД тоа само ќе го остави Хамас на власт

Јордан: Никој во регионот не верува во израелската приказна за експлозијата во болницата