Јордан се согласи на спогодба со ИД за размена на заробеници

Од:

Јорданските власти се согласија на спогодба со милитантната група Исламска држава (ИД) околу размената на една затворена џихадистка, со јорданскиот пилот и јапонскиот новинар, кои се чуваат како заложници.

ИД им даде 24 часа рок на Јордан и на Јапонија, за да се ослободи од јорданскиот затвор Раџида ал Ришава, а милитантите да ги пушти заробениот пилот Меаз ал Касеазбах и јапонскиот новинар Конџи Гото.

Висок јордански функционер, денеска изјави дека владата во Аман се согласила да ја ослободи џихадистката, во замена за јорданскиот пилот, но тој ништо не спомена за јапонскиот новинар.

Иако јорданскиот функционер не рече ништо околу судбината на Гото, се верува дека тој исто така ќе се најде на слобода, откако јапонската влада претходно навести дека Токио би можел да прифати спогодба.

Договори за откуп на заробени новинари или западни државјани, грабнати од џихадистите на ИД, веќе се постигнати при ослободувањето на некои француски и шпански новинари.

Пилотот Касеазбах беше заробен минатата година, откако авионот на јорданското воено воздухопловство беше погоден од припадниците на ИД на освоената територија во Сирија. Новинарот Гото беше заробен заедно со еден негов колега, кои работеа како известувачи за најновата ситуација на Блискиот Исток. Неговиот колега, во меѓувреме беше убиен, со отсекување на главата.

Џихадистката Ал Ришава е неуспешен бомбаш самоубиец. Таа учествуваше во терористичкиот напад врз еден хотел во Аман, во 2005 година, но нејзината екплозивна направа не се активираше. Таа беше заробена и подоцна осудена на смрт.

Раџида ал Ришава е сопруга на бомбаш самоубиец и еден од основачите на Исламска држава во Ирак. Хусеин Али ал Шамари се самоуби при еден друг бомбашки напад, во кој беа убиени 60 лица.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Вооружен маж е убиен, тројца полицајци повредени при пукање кај израелската амбасада во Јордан

А1он

Групата Исламски отпор ја презеде одговорноста за нападот на американската база

Трамп: Да бев јас претседател ќе беше мир во целиот свет

(ВИДЕО) Тројца Американци се мртви, 30 повредени во напад на база во Јордан: Ќе одговориме порача Бајден

Нападната американската војска: Најмалку 3 војници загинаа, 25 се ранети

Египет и Јордан бараат итен прекин на огнот, за САД тоа само ќе го остави Хамас на власт