Јеменските Хути лансираа серија балистички ракети кон Израел

Од:

Хутите во Јемен денеска предупредија дека нема да се двоумат да ги таргетираат израелските бродови во Црвеното Море се додека трае војната во Газа.

„Нема да се двоумиме да гаѓаме кој било израелски брод во Црвеното Море или на која било локација до која можеме да стигнеме од моментот на оваа изјава“, соопшти проиранското бунтовничко движење.

„Нашите операции против израелскиот непријател нема да престанат додека не се прекине израелската агресија врз нашите храбри браќа во Газа“, се додава во соопштението.

Хутите објавија дека лансирале серија балистички ракети кон различни цели во Израел, вклучувајќи го и крајбрежниот град Еилат, најјужната точка на земјата.

Израелската војска претходно во вторникот објави дека проектилот бил соборен од нејзиниот противракетен систем Arrow надвор од границите на Израел. Хутите пријавија напади со беспилотни летала и ракети од Јемен во последните недели. Проиранската група го контролира главниот град и северот на земјата од 2014 година.

Би можело да ве интересира

Ганц: Нетанјаху го одби советот порано да влезе во Рафах

Горан Наумовски

Израел: Демонстрантите бараат итен договор за заложниците

Пронајдено телото на Шани Лук

Предраг Петровиќ

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Катерина Ѓуровски

Израел мора да увезе повеќе од 300.000 странски работници поради војната во Газа

(ВИДЕО) Протести во Тел Авив, се бара ослободување на заложниците: Владата нема поим што прави