Јапонија со нови санкции за Москва, нема да се извезуваат детските играчки во Русија

Од:

Јапонија воведе нови санкции кон Москва со додавање на детски играчки на списокот на стоки што повеќе нема да ги извезува во Русија.

Јапонското Министерство за финансии, трговија и индустрија го ревидира списокот на стоки што ги извезува во Русија, што според нивното мислење „придонесува за зајакнување на руската индустриска база“, се вели во соопштението објавено вчера.

Ревидираната листа вклучуваше челик, алуминиум, градежни машини, електрична опрема, опрема за радио навигација, авиони и вселенски летала. На списокот има и стоки наменети за деца како играчки, модели, сложувалки, како и предмети со тркала како велосипеди и колички.

„Во историјата на воведувањето санкции, долга повеќе од 200 години, никогаш немало забрана за извоз на стоки за деца“, изјави Андреј Суздалцев од Факултетот за меѓународна економија и политика на својот канал „Телеграм“.

Последната забрана наметната од Токио е новото проширување на санкциите воведени претходно оваа година, кои опфаќаат предмети што можат да се користат за воени цели, стоки со двојна употреба и полупроводници.

Од почетокот на војната во Украина, Јапонија воведе санкции за руското раководство, банки и одредени компании, а тие, исто така, и го одземаа на Русија статусот на најомилена трговска држава.

Токио стави повеќе од 50 компании и околу 900 физички лица на „црната листа“, а ги замрзна и средствата на руските банки, компании и организации кои работат на територијата на Јапонија.

Москва одговори на санкциите со ставање на Јапонија на листата на таканаречени „непријателски земји“, а исто така им забрани на одредени јапонски политичари да ја посетат Русија.

Би можело да ве интересира

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

(ВИДЕО) Објава на руски војник стана вирална: „Добредојдовте во пеколот“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Русија објави дека Украина го нападнала Крим со проектилите кои тајно го доби од САД

Катерина Ѓуровски

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема