Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 7,4 степени

Од:

Јапонија денес беше погодена од земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала, објави јапонскиот портал NHK.

Како што е наведено, јачината на земјотресот е 5+ на скала од 1 до 7. Издадено е предупредување за цунами и се очекуваат бранови до три метри.

На жителите во крајбрежните области им е советувано веднаш да се евакуираат и да одат на безбедни локации и повисоки места.

На граѓаните им е кажано да се држат подалеку од бреговите и устието на реките, поради можни поплави.

Според исказите на очевидци објавени на веб-страницата на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), земјотресот траел околу 20 до 30 секунди, а се почувствувало и тресење на зградите.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во подрачјето Делчево-Берово

Силен земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес почувствуван утрово во Охрид и околината

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Тибет

Земјотрес од 4,5 степени ја погоди Албанија, потресот почувствуван и во Македонија

(ВИДЕО) Силен земјотрес со јачина од 7,2 степени го погоди Перу

Горан Наумовски