Јапонија гради нуклеарна централа во Турција

Од:

Јапонија и Турција заеднички ќе реализираат проект за изработка на нуклеарна енергија, чија вкупна вредност ќе изнесува 22 милијарди долари, потврдија во Анкара на заедничката конференција турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган и премиерот на Јапонија Шинзо Абе.

Премиерот на Турција Ердоган очекува изградбата на нуклеарната централа да биде готова за десетина години.

-Се надевам дека тој рок ќе може да го намалиме-нагласи тој.

Турскиот премиер со јапонскиот колега разговараше и за Олимписките игри во 2020 година, за чија организација во игра се Турција и Јапонија.

Абе нагласи дека јапонската влада сака на своите граѓани да им го овозможи тоа задоволство.

-Доколку Турција ја добие организацијата, Јапонија прва ќе слави. Но и ако Токио ја добие организација очекувам Турција да слави-истакна тој.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски