Над илјада луѓе, воглавно припадници на муслиманскиот народ Рохинџа најверојатно се убиени во судирите во сојузната држава Ракхајн, северозападен Мјанмар, изјави специјалната известувачка на ОН, Јангe Ли.
– Можеби се веќе убиени повеќе од илјада луѓе или дури и повеќе. Жртви има од двете страни, но поголемиот број се Рохинџи, посочи Лиј.
Претходно, УНХЦР соошти дека околу 270.000 припадници на муслиманскиот народ Рохинџа побегнале од Мјанмар во Бангладеш во изминатите две недели.
– Ограничениот капацитет на засолништа е веќе исцрпен. Бегалците се сега во импровизирани засолништа кои никнуваат покрај пат и во областите Ухиа и Текнаф, наведе УНХЦР во соопштение.
Најголем дел од бегалците се жени, меѓу кои мајки со бебиња и семејства со деца.