„Јаху“ за шест месеци добила 12-13 илјади барања за податоци од американските власти

Од:

Интернет гигантот „Јаху“ објави дека од американските органи добил меѓу 12 и 13 илјади барања за обезбедување информации во изминатите шест месеци.

Компанијата наведува дека барањата биле упатени меѓу 1 декември 2012 и 31 мај 2013 година. Ова е уште едно откритие, направено од технолошка компанија, откако во медиумите протекоа информации кои сведочат за степенот на владините напори во собирањето на податоци.

– Најчесто овие барања се однесуваа на измами, убиства, киднапирања и други кривични истраги, наведува „Јаху“. Според компанијата, друг дел од барањата за обезбедување информации биле согласно американскиот закон за следење на активностите на странски агенти.

Технолошките компании се под притисок да објават во што точно се состои нивната соработка со Агенцијата за национална безбедност на САД, откако од неодамна објавените документи се покажа дека агенцијата со години добивала податоци за нивните корисници.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли, без интернет биле „Филип Втори“ и Поликлиника „Букурешт“

А1он

ЦИА го предупредила Бајден во 2022 година дека Русија може да употреби нуклеарно оружје

Горан Наумовски

Поранешен службеник на ЦИА осуден на 40 години затвор

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Дел од профилите кои регрутираат граѓани за големата интернет измама за пари веќе не се активни, струмичката СмартКлик пријавила злоупотреба на името

Александар Тодески

(ВИДЕО) Масовна измама на интернет во Македонија, се нуди брза заработка

Александар Тодески

ЦИА и Мосад разговараат за можни решенија за Газа

Катерина Ѓуровски