Извештај на Комисија на ОН: Сириските бунтовници кои веруваат во демократија се малцинство

Од:

Сириските бунтовници кои веруваат во демократија денес се малцинство, изјави синоќа во Париз шефот на анкетната комисија на ОН за Сирија, Пауло Пинејру. Тој следната недела ќе претстави извештај оквалификуван од него како „ужасен“, јавуваат западни медиуми.

– Денес мнозинството бунтовници се далеку од мислата за демократија и тие имаат други стремежи, изјави тој на прес конференција. Неговата комисија врши истрага за непочитување на човекови права во Сирија.

– Историските бунтовници демократи кои вистински веруваа дека Сирија може да биде држава за сите, денес се малцинство, додаде Пинејру по говор зад затворени врати во комисија за надворешна политика во Долниот дом на францускиот парламент.

Меѓу бунтовничките групи се повеќе се исламисти, без разлика дали се независни, салафисти или џихадисти. Фронтот Ан Нусра кој е од почетокот на борбите против сирискиот режим, на 10 април објави верност кон лидерот на Ал Каеда, Ајман аз Завахири.

Комисијата на Пинејру на 4 јуни ќе го објави извештајот, петти по ред откако е формирана во 2011 година.

Членот на мисијата Карла дел Понте споменува за извештајот во кој се наведени злосторства „со неверојатна жестина“.

– Никогаш не сум видела такво нешто, дури ни во Босна, додаде таа. Дел Понте тврди дека злосторства прават и членови на сирискиот режим и бунтовниците.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Израел нападна сириски град, 38 загинати

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск