Извештај: Климатските промени се среднорочна закана по човековата цивилизација

Од:

Комбинација на се посериозни последици од климатскикте промени и бавната реакција на луѓето, го оставаат човештвото на меланхоличен пат што води во хаотичен свет што може да предизвика глобален општествен колапс, се нагласува во новиот извештај на мелбурншката организација Брејктру Нешнал центар во Клајмат Ресторејшн.

Извештајот беше претставен од Крис Бери, поранешен началник на австралиските одбранбени сили и пензиониран адмирал на австралиската морнарица.

– Авторите изнесоа сурова вистина за безнадежната ситуација во кој се наоѓа човештвото и нашата планета. Во извештајот се истакнува дека постои реална можност човековиот род да оди во насока на истребување, вели Бери.

Еден од заклучоците е дека климатските промени се среднорочна закана за човековата цивилизација и дека светските влади мора да ги зајакнат своите напори во борбата против глобалнто затоплување. Штетните ефекти од глобалното затоплување ќе се одразат на намалена количина на храна и вода во некои делови и тоа ќе биде катализатор за социо-политички нестабилности и зголемен немир и судири во светот.

Авторите на извештајот пресметале дека ако се продолжи загадувањето со сегашното темпо, до 2050 година ќе има зголемена температура за три степени Целзиусови во однос на прединдустрискиот период. Ефектот би бил топење на ледени површини, широко распоространето губење на пермафрости, суша и измумирање на живот во делови од Амазонија.

– Дестабилизацијата на воздушните струи значително ќе влијае на интензитетот и географската дистрибуција на азиски и африкански монсуни, а заедно со дополнителното успорување на Голфската струја во прашање се доведуваат и системите за одржување на живитот во Европа, се истакнува во извештајот.

Северна Америка би била изложена на катастрофални климатски екстреми, вклучително пожари, топлотни бранови, суша…Би исчезнале летните монсуни во Кина, а нивото на големите азиски реки би било значително пониско поради губење на повеќе од една третина од хималајскиот мраз.

Губењето на глечерите на Андите би било и до 70 отсто а врнежите во Мексико и Централна Америка би се намалиле за 50 отсто.

Би можело да ве интересира

Европскиот парламент бара сите земји да придонесат во финансирањето на климатските акции

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он