Израелските сателити забележаа необична активност во руска база во близина на финската граница

Од:

Израелското разузнавање открило „невообичаено присуство“ на руски бомбардери во близина на финската граница, пишува „Џерусалим пост“. Сателитските снимки од ImageSat International сугерираат дека руските стратешки бомбардери ТУ-160 и ТУ-95 се сместени во воздухопловната база Олени недалеку од финската граница.

Според нивните сателитски снимки, четири ТУ-160 биле откриени на 21 август, а три ТУ-95 на 25 септември, додека во воздухопловната база на 12 август немало стратешки бомбардери.

Воздухопловната база Олени се наоѓа на полуостровот Кола, во близина на Мурманск. Во оваа база е сместена руската Северна флота, како и значително количество оружје и воена опрема, вклучувајќи тактичко и стратешко нуклеарно оружје.

Портпаролот на украинското воено разузнавање Вадим Скибицки во интервју за Гардијан изјави дека Киев ја смета за „многу висока“ заканата од Москва дека ќе користи тактичко оружје против земјата.

Според него, тактичките напади најверојатно би биле насочени кон локации долж линијата на фронтот каде што се наоѓаат голем број луѓе, опрема, како и командни центри и критична инфраструктура.

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков